Прејди на содржината

Адам Јејтс (велосипедист)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Адам Јејтс
Јејтс на Трката околу Алберта 2015
Лични податоци
Цело имеАдам Ричард Јејтс
Прекар„Сенката“ (The Shadow)[1]
Роден7 август 1992(1992-08-07)(32 г.)
Бери, Англија,  Обединето Кралство
Висина1,73 м[2]
Маса58 кг[2]
Податоци за клубот
Мом. клубИнеос Гренадиерс
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улогавозач
Вид на возачспецијалист за искачување
Аматерски клубови
2013 СС Етип
Професионални клубови
2014–2020
2021-2022
2023-
Орика-ГринЕЏ
Инеос Гренадиерс
ОАЕ Тим Емирати
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
Пласман за млад возач (2016)

Етапни трки

Волта а Каталуња (2021)
Трка ОАЕ (2020)
Трка околу Германија (2022)
Трка околу Турција (2014)

Еднодневни трки и класици

Класика де Сан Себастијан (2015)
ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано (2014, 2017)
Последна промена
13 декември 2022

Адам Ричард Јејтс (англиски: Adam Richard Yates; р. 7 август 1992) — британски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Инеос Гренадиерс.[3]

На Тур де Франс 2016 завршил четврти и го освоил пласманот за млад возач, станувајќи прв британски возач кој го освоил пласманот, една година пред неговиот брат-близнак Сајмон.[4]

Аматерска кариера

[уреди | уреди извор]

Сајмон и Адам започнале со велосипедизам откако нивниот татко Џон бил повреден при судир со автомобил додека возел — во текот на неговото опоравување ги носел близнаците до Манчестерскиот велодром да следат трки возени од неговиот велосипедски клуб, Бери Кларион, за да одржува контакт со другите членови. И обајцата наскоро започнале да возат за Бери Кларион (друмски) и за Истлендс Вело (велодромски). Додека Сајмон бил избран од Британската федерација за нивната програма „Олимписка академија“, Адам се насочил на друмската кариера во Франција со финансиска помош од Дејв Рејнер.[5]

Јејтс завршил втор со само 55 секунди зад шпанскиот возач Рубен Фернандес во генералниот пласман на Тур де л’Авенир 2013, додека настапувал за британската репрезентација.

Професионална кариера

[уреди | уреди извор]

Орика-ГринЕЏ (2014-2020)

[уреди | уреди извор]

Откако поминал успешна сезона со француската аматерска екипа СС Етип, се приклучил на екипата Орика-ГринЕЏ заедно со неговиот брат во 2014.[6] На неговата прва професионална трка, Тур де Сан Луис во Аргентина, Јејтс завршил единаесетти во генералниот пласман и прв во пласманот за млад возач.[7]

Јејтс на Трката околу Турција 2014, каде ја остварил првата професионална победа

Пробивот на Јејтс се случил на Трката околу Турција на крајот на април и почетокот на мај 2014. Бил еден од заштитените возачи на екипата за генералниот пласман, заедно со неговиот брат.[8] На третата етапа, станал де факто предводник на екипата, откако Сајмон паднал на трката, при што се здобил со повреди.[9] Јејтс бил единствениот кој го следел нападот на Реин Тарамае на последното искачување до Елмали и на крајот завршил на етапата на второто место, шест секунди зад Тарамае откако повторно нападнал во последните метри.[10] По две етапи наменети за спринтерите, Јејтс ја постигнал својата прва професионална победа на шестата етапа. Јејтс се издвоил од намалената главна група на околу еден километар пред целта. Јејтс се одржал пред двајцата велосипедисти зад него и успеал да ја преземе водечката сина маичка од Тарамае, кој ја поминал целта седум секунди зад Јејтс.[11][12] Јејтс го задржал водството на трката до нејзиниот крај во Истанбул два дена подоцна; го зголемил неговото водство за четири секунди на последната етапа, откако групата се поделила и само 28 возачи добила исто време како етапниот победник, Марк Кевендиш.[13] Подоцна ја опишал победата — прва британска победа во генералниот пласман на трката — како „неочекувана“, откако имал амбиција да освои една етапа.[14]

Јејтс потоа настапил на Трката околу Калифорнија. Откако бил поминат на втората етапа од Бредли Вигинс (Тим Скај), поединечен хронометар од 20 километри, завршил четврти на третата етапа и на шестата етапа.[15] На крајот завршил петти во генералниот пласман. Импресивната форма на Јејтс продолжила на Критериум ду Дофине каде завршил осми на втората етапа.[16] Бил трет на петтата етапа откако започнал доцен напад со Вилко Келдерман и повторно завршил трет на осмата етапа. Јејтс ја завршил трката на шестото место.[17]

Јејтс возел на Тур де Франс 2015

Орика-ГринЕЏ одлучиле да не го вклучи Јејтс во составот на екипата на Тур де Франс и наместо тоа одморал неколку недели. Се вратил со возење на ГП Индустрија & Артиџанато во јули, каде победил и стигнал до првата еднодневна професионална победа.[18] Јејтс бил во водечката група на Класика де Сан Себастијан со Алехандро Валверде, Бауке Молема, Хоаким Родригес и Микел Ниеве, но имал тежок пад при спуст на 3,5 километри пред целта.[19] Го имал својот прв настап на некоја голема трка на Вуелта а Еспања 2014,[20] каде завршил на 82. место.[21]

Бил вклучен во составот на екипата за Тур де Франс 2015.[22] Завршил седми на осмата етапа, која водела до Мур де Бретањ,[23] и седми на првата планинска етапа, етапата 10, која завршила на Кол де ла Пјер Сен Мартин на Пиринеите.[24]

На 1 август 2015 година, Јејтс ја освоил најголемата победа дотогаш со победата на Класика де Сан Себастијан по нападот на завршното искачување откако предводникот Грег ван Авермат од БМЦ бил вклучен во судир со мотор и одржувајќи се пред групата зад него на спустот до Сан Себастијан. По конфузијата со падот на Ван Авермат, Јејтс не сфатил дека победил и првично не прославувал кога ја поминал целта.[25]

Јејтс (во средина) ја носи белата маичка на Тур де Франс 2016

Јејтс бил избран да вози на Тур де Франс 2016. На седмата етапа, Јејтс се одвоил од водечката група на спустот на Кол д’Аспен, но бил вклучен во пад кога балонот за последниот километар се издишал во моментот кога поминувал и паднал на него. Јејтс се здобил со исеченици на неговата брада кои морале да се сошијат, но откако резултатите на етапата биле ревидирани му дале 7 секунди предност пред главната група, со што Јејтс станал втор во генералниот пласман и ја презел белата маичка како предводник на пласманот за млад возач од Жилијан Алафилип.[26] На деветтата етапа, која била прва завршница на нагорнина на трката, Јејтс завршил десетти, заедно со другите кандидати за генералниот пласман.[27] Со ова, Јејтс се задржал на второто место на првиот ден за одмор, 16 секунди зад Фрум и водел во пласманот за млад возач со 39 секунди пред Луис Мејнчес (Лампре-Мерида).[28]

Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2017, каде завршил како деветти откако паднал на првите етапи на трката. Бил претекнат во водството на пласманот за млад возач на завршниот хронометар од страна на Боб Јунгелс.[29]

Јејтс завршил втор во генералниот пласман на Критериум ди Дофине, освојувајќи ја седмата етапа.[30] Бил предводник на екипата Мичелтон-Скот на Тур де Франс, но завршил на 29. место во генералниот пласман. Завршил втор на етапата 16, откако паднал при водство на завршниот спуст и бил одминат од носителот на планинската маичка Жилијан Алафилип.[31]

Јејтс завршил втор во генералниот пласман на Волта а Каталуња[32] и ја освоил третата етапа.[33] Пред тоа, Јејтс завршил втор на Тирено-Адријатико, губејќи го водството на трката за една секунда од Примож Роглич, на завршниот поединечен хронометар.[34] Јејтс повторно бил водач на екипата Мичелтон-Скот на Тур де Франс, поддржуван од неговиот брат,[35] но го повторил 29. место од претходната година.

При скратената велосипедска сезона 2020 поради КОВИД-19, негов најважен резултат било деветтото место на Тур де Франс. По казната за Жилијан Алафилип рано на Тур, Јејтс ја преземал жолтата маичка како предводник на трката. Откако бил информиран дека сега бил предводник на трката, тој изјавил „Никој не сака да ја преземе маичката вака. Бев во автобус и ние требаше да заминеме во хотелот кога го добив повикот... утре ќе дадам сѐ од мене да ја одбранам маичката...“,[36] која потоа ја носел уште четири етапи.

Во август 2020 година, Јејтс потпишал двегодишен договор со Инеос Гренадиерс, почнувајќи од сезоната 2021.[37]

Рано во сезоната завршил втор на Трката ОАЕ и потоа ја освоил Волта а Каталуња 2021. Не возел на Тур де Франс, туку настапил на Летните олимписки игри 2020 во Токио, каде завршил меѓу првите десет на друмската трка. По Игрите, возел на Вуелта а Еспања, каде завршил четврти, негов најдобар пласман на некоја голема трка по резултатот на Тур 2016.[38] Во октомври настапил на есенските италијански класици, завршувајќи четврти на Џиро дел’Емилија, втор на Милано-Торино и трет на Џиро ди Ломбардија, каде го претекнал Роглич во потерата зад победникот Тадеј Погачар и второпласираниот Фаусто Маснада, со што го зел неговиот прв подиум на некој монумент.[39] По крајот на неговата сезона, трчал следниот месец на маратонот во Барселона, завршувајќи ја патеката за 2:58:44.[40]

Достигнувања

[уреди | уреди извор]
2013
2. Краен пласман Тур де л’Авенир
2. Гран при де Сулц-сус-Форетс
3. Краен пласман Тур де Франш-Комте
1. Етапа 3
8. Париз-Троа
2014
1. Краен пласман Трка околу Турција
1. Етапа 6
1. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
1. Пласман за млад возач Тур де Сан Луис
5. Краен пласман Трка околу Калифорнија
5. Џиро дела Тоскана
6. Краен пласман Критериум ду Дофине
2015
1. Класика де Сан Себастијан
2. Краен пласман Трка околу Алберта
1. Пласман за млад возач
2. ГП Монтреал
9. Краен пласман Тирено-Адријатико
2016
4. Краен пласман Тур де Франс
1. Пласман за млад возач
4. Краен пласман Тур де Јоркшир
6. Класик Ла Дром
7. Краен пласман Критериум ди Дофине
7. Класик Сид Ардеш
2017
1. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
2. Милано-Торино
4. Краен пласман Волта а Каталуња
5. Краен пласман Трка околу Полска
8. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
9. Краен пласман Џиро д’Италија
9. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
2018
2. Краен пласман Критериум ди Дофине
1. Етапа 7
4. Краен пласман Трка околу Калифорнија
4. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
5. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 5
2019
1. Краен пласман Трка околу Хрватска
1. Планински пласман
1. Етапа 5
2. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 3
2. Краен пласман Тирено-Адријатико
1. Етапа 1 (ТТТ)
3. Милано-Торино
4. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
5. Краен пласман Трка околу Баскија
1. Планински пласман
1. Етапа 6
5. Краен пласман Вуелта а Андалусија
8. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
1. Етапа 4
2020
1. Краен пласман Трка ОАЕ
1. Етапа 3
9. Краен пласман Тур де Франс
2021
1. Краен пласман Волта а Каталуња
1. Етапа 3
2. Краен пласман Трка ОАЕ
2. Милано-Торино
3. Џиро ди Ломбардија
4. Краен пласман Вуелта а Еспања
4. Краен пласман Трка околу Баскија
4. Џиро дел’Емилија
9. Олимписки игри - друмска трка
2022
1. Краен пласман Трка околу Германија
1. Етапа 3
2. Краен пласман Трка ОАЕ
4. Краен пласман Париз-Ница
4. ГП Монтреал
6. Тре Вали Варезине
7. ГП Квебек
9. Краен пласман Тур де Франс
10. Џиро ди Ломбардија

Распоред на резултатите

[уреди | уреди извор]
Распоред на резултатите на големи трки
Голема трка 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Џиро 9
Тур 50 4 29 29 9 9
Вуелта 82 34 45 4
Распоред на резултатите на поважните етапни трки
Етапна трка 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Париз-Ница 4
Тирено-Адријатико 9 19 СО 5 2
Волта а Каталуња 23 4 2 НСО 1
Трка околу Баскија 76 СО 32 5 4 СО
Тур де Романди не настапил во текот на кариерата
Критериум ди Дофине 6 20 7 2 СО 17
Тур де Свис НСО СО

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Распоред на резултатите на класиците

[уреди | уреди извор]
Монумент 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Милано-Санремо не настапил во текот на неговата кариера
Трка околу Фландрија
Париз-Рубе
Лиеж-Бастоњ-Лиеж 56 8 4 СО 18
Џиро ди Ломбардија СО 56 74 29 15 3 10
Класик 2014 2015 2016 2017 2018 2019 2020 2021 2022
Амстел Голд Рејс СО НСО
Флеш Валон 97 СО СО 20
Класика де Сан Себастијан 43 1 16 СО НСО 27
Гран при Квебек 32 72 21 НСО 7
Гран при Монтреал 2 СО 14 4
Џиро дел’Емилија СО 29 4 СО
Тре Вали Варезине НСО 6
Милано-Торино 2 14 3 2

СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала

Велодромски велосипедизам

[уреди | уреди извор]
2009
3. Национално јуниорско првенство - медисон (со Сајмон Јејтс)
2010
1. Национално јуниорско првенство - медисон (со Сајмон Јејтс)
2011
Национални првенства
2. Екипна потера
3. Омниум
3. Скреч
2012
3. Национално првенство - скреч
  1. Фотерингем, Вилијам (19 јули 2016). „Adam 'The Shadow' Yates shows he is a future force in the Tour de France“. theguardian.com. Посетено на 19 јули 2016.
  2. 2,0 2,1 „Адам Јејтс“. Посетено на 15 април 2015.
  3. „Ineos Grenadiers“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2 January 2021. Посетено на 2 January 2021.
  4. Cycling Weekly, Double vision of the future, 5 September 2013
  5. Слејтер, Мат (27 септември 2014). „Сајмон и Адам Јејтс: Мо--це од Бери на пат до врвот“. bbc.co.uk. Посетено на 28 септември 2014.
  6. „Браќата Јејтс го потврди префрлањето во Орика-ГринЕЏ“. Cyclingnews.com. Future plc. 3 октомври 2013. Посетено на 3 октомври 2013.
  7. „Адам Јејтс најдобар млад возач на Тур де Сан Луис“. Орика-ГринЕЏ. GreenEDGE Cycling. Архивирано од изворникот на 2014-01-29. Посетено на 27 јануари 2014.
  8. „Адам Јејтс се искачува на второто место на кралската етапа на Трката околу Турција“. Орика-ГринЕЏ. GreenEDGE Cycling. 29 април 2014. Архивирано од изворникот на 2014-05-05. Посетено на 5 мај 2014.
  9. „Сајмон Јејтс падна на Трката околу Турција“. Cyclingnews.com. Future plc. 29 април 2014. Посетено на 5 мај 2014.
  10. Вин, Најџел (29 април 2014). „Адам Јејтс дојде на второто место зад Реин Тарамае на Трката околу Турција“. Cycling Weekly. IPC Media. Посетено на 5 мај 2014.
  11. „Јејтс ја освои етапата 6“. Cyclingnews.com. Future plc. 2 мај 2014. Посетено на 5 мај 2014.
  12. „Адам Јејтс го презема водството на Трката околу Турција со супер соло напад на шестата етапа“. Sky Sports. BSkyB. 2 мај 2014. Посетено на 5 мај 2014.
  13. „Јејтс го обезбеди успехот на Трката околу Турција“. Cyclingnews.com. Future plc. 4 мај 2014. Посетено на 5 мај 2014.
  14. „Адам Јејтс вели дека триумфот на Трката околу Турција бил неочекуван“. BBC Sport. BBC. 5 мај 2014. Посетено на 5 мај 2014.
  15. „Tour of California 2014, stage six: Sir Bradley Wiggins tightens grip on leader's jersey after mountain-top finish“. Telegraph.co.uk. 17 мај 2014.
  16. Даниел Бенсон. „Јејтс импресивен на планините на Дофине“. Cyclingnews.com.
  17. „7. Адам Јејтс (Орика-ГринЕЏ)“. Road Cycling UK. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 2015-03-29.
  18. „Адам Јејтс победи на ГП Индустрија & Артиџанато во Италија“. Cycling Weekly. 26 јули 2014.
  19. Cycling News. „Јејтс повреден при пад на Класика де Сан Себастијан“. Cyclingnews.com.
  20. „Адам Јејтс ќе вози на Вуелта а Еспања“. Cycling Weekly. 22 јули 2014.
  21. Peter Cossins (14 September 2014). „Vuelta a España 2014: Stage 21 Results“. cyclingnews.com. Посетено на 28 June 2022.
  22. „Почетна список на Тур де Франс 2015“. Velo News. Архивирано од изворникот на 2015-06-29. Посетено на 2 јули 2015.
  23. http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-france-2015/stage-8/results
  24. http://www.cyclingnews.com/races/tour-de-france-2015/stage-10/results
  25. „Adam Yates wins Clásica de San Sebastián - without knowing it“. 1 August 2015.
  26. „Tour de France 2016: Adam Yates second overall after result revision“.
  27. „Tour de France 2016: Chris Froome retains lead as Tom Dumoulin wins stage nine“.
  28. „Tour de France 2016: Stage 9 Results - Cyclingnews.com“.
  29. „2017: 100th Giro d'Italia: Start List“. Pro Cycling Stats. Посетено на 2 мај 2017.
  30. „Criterium du Dauphine: Geraint Thomas wins from fellow Briton Adam Yates“ (англиски). 10 јуни 2018. Посетено на 22 јули 2019.
  31. „Tour de France: Adam Yates 'devastated' after crashing while leading stage 16“. www.cyclingnews.com. Посетено на 22 јули 2019.
  32. „Miguel Angel Lopez withstands Adam Yates attack to secure Volta a Catalunya title“. Eurosport UK. 31 март 2019. Посетено на 22 јули 2019.
  33. „Volta a Catalunya 2019: Adam Yates wins in Vallter 2000, De Gendt holds on to GC lead“. Cyclingstage.com (англиски). Посетено на 22 јули 2019.
  34. „No regrets for Adam Yates after one-second defeat at Tirreno-Adriatico“. www.cyclingnews.com. Посетено на 22 јули 2019.
  35. Браун, Грегор (16 јули 2019). „Adam Yates trying to stay out of spotlight as first major Tour de France test approaches“. Cycling Weekly. TI Media. Посетено на 17 август 2019.
  36. „Tour de France Results“. Bicycling.com. 20 September 2020.
  37. „Team Ineos sign British cyclist Adam Yates on two-year deal“. The Independent. Independent Digital News & Media Ltd. 21 August 2020. Архивирано од изворникот 2021-01-16. Посетено на 21 August 2020.
  38. „Vuelta a España: Adam Yates suffers like never before in search of podium“. cyclingnews.com. 6 September 2021. Посетено на 15 November 2021.
  39. Long, Jonny (9 October 2021). „Five talking points from Il Lombardia 2021“. Cycling Weekly. Посетено на 15 November 2021.
  40. Dabbs, Ryan (9 November 2021). „Adam Yates finishes Barcelona Marathon in under three hours“. Cycling Weekly. Посетено на 15 November 2021.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]