КОВИД-19
Коронавирусна болест 2019 (COVID-19) | |
---|---|
Синоними |
|
Симптоми | |
Специјалност | Акутна инфекција на дишниот систем |
Симптоми | грозница, кашлица, краток здив |
Компликации | пневмонија, повреда на белите дробови, откажување на бубрег |
Причинители | SARS-CoV-2 |
Спречување | Миење на раце |
Коронавирусна болест 2019 (англиски: coronavirus disease 2019; позната под скратениците КОВИД-19 и COVID-19)[a 1] — вирусна дишна болест предизвикана од коронавирусот SARS-CoV-2.[1][2]
Болеста првпат се појави во градот Вухан, главниот град на покраината Хубеј во Кина, меѓу пациентите коишто задобиле пневмонија без јасна причина.[3] Поради брзото ширење на болеста, Светската здравствена организација прогласила епидемија.[4] Забележани се заразани случаи ширум западниот свет преку Азиско-тихоокеанското подрачје, главно меѓу патници коишто по потекло се од Кина, а местен пренос е забележен и во Европа.
Времето пред појавување на првите симптоми на болеста е обично помеѓу 2 до 14 дена.[5][6] Се препорачува редовно миење на раце и оддалечување од луѓе коишто кашлаат.[7]
Симптоми
[уреди | уреди извор]Симптом | Процент |
---|---|
Грозница | 87,9 % |
Сува кашлица | 67,7 % |
Умор | 38,1 % |
Создавање плунка | 33,4 % |
Скратен здив | 18,6 % |
Болка во мускулите и зглобовите | 14,8 % |
Болка во грлото | 13,9 % |
Главоболка | 13,6 % |
Ежење | 11,4 % |
Мачнина или повраќање | 5 % |
Затнат нос | 4,8 % |
Пролив | 3,7 % |
Како и кај другите дишни заболувања, заразата со вируси САРС-КоВ-2 може да предизвика благи симптоми, вклучувајќи течење на носот, болки во грлото, кашлица и треска. Кај некои луѓе, може да предизвика сериозна болест, како пневмонија или останување без здив. Ретко, болеста може да биде смртоносна. Постои зголемен ризик кај постари лица и лица со претходно постоечки хронични состојби (како што се дијабетес и срцеви заболувања).[8]
Во примерок од 55.924 потврдени случаи со лаборатории во Кина, типични симптоми биле: треска (87,9 % од случаите), сува кашлица (67,7 %), замор (38,1 %), создавање плунка (33,4 %), скратен здив (18,6 %), болки во грлото (13,9 %), главоболка (13,6 %), болки во мускулите или зглобовите (14,8 %), ежење (11,4 %), гадење или повраќање (5,0 %), затнат нос (4,8 %) и пролив (3,7 %).[9]
Главниот начин на заразата кај луѓето е пренесување од човек на човек, што обично се јавува преку издишаните капки на заразените лица кои кашлаат или издишуваат.[10] Периодот на инкубација е генерално помеѓу 2 и 14 дена,[11] со просек од 3 дена иако биле пријавени случаи и со дури 24 дена инкубација.[12]
Понатамошниот развој може да доведе до тешка пневмонија, синдром на акутно пореметување на дишењето, сепса, септичен шок и смрт. Некои заразени лица може да се инфоцирани без да покажуваат клинички симптоми, затоа се препорачува лицата во близок контакт со потврдени заразени пациенти да бидат прегледани и да се следат, за да се исклучи заразата.[13][14][15]
Спречување
[уреди | уреди извор]Во мигов нема одобрен лек или вакцина за третман на болеста. Спречувањето е слично како и кај другите видови грип, каде што потребно е да имате соодветна хигиена на рацете, сигурна прехрана и да избегнувате близок контакт со секој што има симптоми на дишни заболувања, како што се кашлање и кивање.
Миење раце
[уреди | уреди извор]Центрите за контрола и спречување од болести препорачуваат редовно миење на раце со сапун најмалку 20 секунди, посебно после одење во тоалет, пред јадење, и после дување на нос, кашлање или кивање. Ако сапун не е достапен, тогаш се препорачува кое било средство за миење раце со најмалку 60 % алкохол.
Дишна хигиена
[уреди | уреди извор]Здравствената тела препорачуваат поединците да покриваат уста и нос со марамче за време на кашлање или кивање (кое треба веднаш да се фрли), или со ракавот, ако марамче не е достапно.[16][17][18]
За оние коишто лесно можат да се заразат се советува да носат хируршки маски.[19][20][21] Маските за лице можат да ја ограничат силата и насоката на капките што се распрскуваат додека зборувате, кивате или кашлате. Светската здравствена организација објавила најдобри практики за употреба на маски:[22]
- Внимателно ставете ја маската да ги покриете устата и носот и водете сметка да не постои празнина помеѓу вашето лице и маската.
- Избегнувајте допирање на маската додека ја користите; ако веќе тоа го правите, претходно исчистете ги рацете со трлање со сапун на основа на алкохол.
- Заменете ја маската со нова ако е влажна и повторно не користете маски што се за еднократна употреба.
- Извадете ја маската од внатрешната страна (не допирајте ја предната страна на маската); фрлете ја брзо и затворете ја кантата; Измијте ги рацете со сапун врз основа на алкохол.
Причина
[уреди | уреди извор]Болеста ја причинува вирусот SARS-CoV-2 за кој се смета дека е од животинско потекло.[23] Епидемиолошката студија на првите 72.314 случаи ја установила можноста за „постојан заеднички извор“ за избивање на епидемијата во декември 2019, кој најчесто се поврзува со пазарот во Хуанан каде се продаваат разни видови на животни. Првиот пренос од човек на човек е забележан во јануари 2020 година.[24] Пазарот, кој се наоѓал близу станбени комплекси, бил еден од најголемите во централна Кина, а целиот негов западен дел главно се користел за продажба на диви животни.[25] Хигиената и условите во кои работел пазарот биле оценети како незадоволителни, каде мртвите и живите животни се чувале во непосредна близина.[26] The New York Times во својот извештај напишал: „санитаријата беше лоша, со слаба вентилација и ѓубре што се акумулираше на влажните подови“.[27] Сепак, сè уште не е утврдено дали избивањето на пандемијата од новиот коронавириус започнало на пазарот во Вухан.[28]
Смртност
[уреди | уреди извор]До 10 март 2020 потврдени се 4.090 смртни случаи. Повеќето од нив, околу 80 % биле лица постари од 60 години, а 75 % од нив веќе имале одредени здравствени потешкотии вклучувајќи кардиоваскуларни болести и дијабетес.[29] Процентуалната смртност е помеѓу 1–3 %.[30]
Мажите имале стапка на смртност од 2,8 %, а жените од 1,7%.[31] Кај пациентите помлади од 50 години стапката на смртност не е поголема од 0,5 % додека кај оние над 70 години изнесува преку 8 %.[31]
Пандемии
[уреди | уреди извор]Избивање на епидемијата од новиоткоронавирус се случило на почетокот на декември 2019 во Вухан, главниот град на покраината Хубеј во Кина.[32] Светската здравствена организација на новиот вирус му го дала привременото име 2019-nCoV[33] и прогласила вондредна состојба на глобално ниво во врска со ширењето на новиот коронавирус. Новиот вирус подоцна го добил своето официјално име SARS-CoV-2.[34] Потоа, започнала епидемија која зафатила и други делови на Кина, а биле идентификувани и случаи надвор од Кина, во неколку земји од Азија, но и во Австралија, Европа и Северна Америка. Првите случај во Европа биле потврдени во Франција на 24 јануари 2020 година.[35]
Пандемијата на КОВИД-19 во Италија 2020 била прогласена на 30 јануари, кога двајца кинески туристи биле позитивно тестирани на вирусот SARS-CoV-2 во Рим.[37] Појавувањето на инфекцијата COVID-19 последователно била откриена кај 16 потврдени случаи во Ломбардија на 21 февруари,[38] за веќе следниот ден да се зголеми на 60[39] со појава на првите смртни случаи во истите денови.
До 10 март 2020, потврдено е околу 116.000 случаи, од кој 8.000 биле сериозни случаи. Преку 64.000 луѓе успеале да се опорават, додека болеста предизвикала 4.090 смртни случаи.[40]
Вирусот се проширил и во останатите земји и територии. По хронолошки распоред, тие биле Тајланд, Јапонија, Макао, Јужна Кореја, Тајван, САД, Хонгконг, Сингапур, Франција, Непал, Виетнам, Австралија, Малезија, Канада, Камбоџа, Германија, Финска, Шри Ланка, Обединети Арапски Емирати, Индија, Италија, Филипини, Велика Британија, Русија, Шведска, Шпанија, Белгија, Египет, Иран, Израел, Либан, Авганистан, Бахреин, Кувајт, Ирак, Оман, Алжир, Австрија, Бразил, Хрватска, Швајцарија, Грција, Пакистан, Македонија, Грузија, Норвешка, Романија, Данска, Естонија, Северна Ирска, Сан Марино, Холандија, Нигерија, Белорусија, Литванија, Нов Зеланд, Мексико, Азербејџан, Исланд, Монако, Катар, Еквадор, Луксембург, Ирска, Ерменија, Доминиканска Република, Чешка и Индонезија.
До 10 март 2020 секоја држава во Европа освен Црна Гора и Косово имале барем еден случај заразен од COVID-19.
Општествено-економски последици
[уреди | уреди извор]Заклучно со 6 март 2020, околу 291,5 милиони деца и младинци не присуствуваат на настава во училиштата поради привремена суспензија на наставата во настојување на се спречи ширење на болеста.[41][42]
Епидемијата од новиот коронавирус предизвикала низ општествено-економски последици како што се недостаток на разни видови на стоки, делумно поради панично купување, но и поради пореметување во фабриките и логистиката.[43] Неколку држави како што се САД,[44] Италија и Хонгконг, се посебно погодени со масовно празнење на полиците во продажните центри, посебно кога станува збор за храна, тоалетна хартија и вода во шишиња.
Саудиска Арабија привремено забранила влегување на странци во Мека и Медина како не би дошло до ширење на новиот коронавирус.[45]
Потекло на поимот
[уреди | уреди извор]КОВИД-19 е службено име за коронавирусната болест што ја предизвикува вирусот SARS-CoV-2 (CO значи „корона“, VI „вирус“, а D стои за зборот „disease“, што на англиски значи болест).[46]
КОВИД-19 во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]- „Си беше еднаш кога се дишеше...“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.[47]
- „Петтиот гостин“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.[48]
- „Казна“ — расказ на македонскиот писател Игор Лозаноски од 2020 година.[49]
- „Приказни од светларникот“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[50]
- „Седум градови“ — краток расказ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска од 2021 година.[51]
- „Валкан мал вирус“ (англиски: Dirty Little Virus) — песна на американскиот рок-музичар Иги Поп од 2020 година.[52]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Останато
[уреди | уреди извор]Белешки
[уреди | уреди извор]- ↑ Многу медиуми го наведуваат обликот со празно место — корона вирус, или „corona virus“, додека некои го користат англискиот назив „coronavirus“. Правилниот облик на македонски е — коронавирус.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Gorbalenya, Alexander E. (11 февруари 2020). февруари 07.937862v1 „Severe acute respiratory syndrome-related coronavirus – The species and its viruses, a statement of the Coronavirus Study Group“ Проверете ја вредноста
|url=
(help). bioRxiv (англиски): 2020 февруари 07.937862. doi:10.1101/2020 февруари 07.937862 Проверете ја вредноста|doi=
(help). Архивирано од изворникот 2020-02-11. Посетено на 11 февруари 2020. - ↑ „Coronavirus disease named Covid-19“. BBC News (англиски). 11 февруари 2020. Архивирано од изворникот на 11 февруари 2020. Посетено на 11 февруари 2020.
- ↑ „Disease background of 2019-nCoV“. European Centre for Disease Prevention and Control (англиски). Посетено на 11 февруари 2020.
- ↑ јануари 2020-statement-on-the-second-meeting-of-the-international-health-regulations-(2005)-emergency-committee-regarding-the-outbreak-of-novel-coronavirus-(2019-ncov) „Statement on the second meeting of the International Health Regulations (2005) Emergency Committee regarding the outbreak of novel coronavirus (2019-nCoV)“ Проверете ја вредноста
|url=
(help). www.who.int (англиски). Архивирано од изворникот 2020-01-31. Посетено на 11 февруари 2020. - ↑ „Symptoms of Novel Coronavirus (2019-nCoV) | CDC“. www.cdc.gov (англиски). 10 февруари 2020. Архивирано од изворникот 30 јануари 2020. Посетено на 11 февруари 2020.
- ↑ Lai CC, Shih TP, Ko WC, Tang HJ, Hsueh PR (февруари 2020). „Severe acute respiratory syndrome coronavirus 2 (SARS-CoV-2) and coronavirus disease-2019 (COVID-19): The epidemic and the challenges“. International Journal of Antimicrobial Agents: 105924. doi:10.1016/j.ijantimicag.2020.105924. PMID 32081636.
- ↑ „Advice for public“. www.who.int (англиски). Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ Kojovic, Maja. „Novi koronavirus- pitanja i odgovori sa preporukama“. ZZJZ FBiH (англиски). Архивирано од изворникот на 2020-02-25. Посетено на 25 февруари 2020.
- ↑ „Report of the WHO-China Joint Mission on Coronavirus Disease 2019 (COVID-19)“ (PDF). WHO. стр. 11–12. Посетено на 29 февруари 2020.
- ↑ „Q & A on novel coronavirus“. European Centre for Disease Prevention and Control (англиски). Архивирано од изворникот 5 февруари 2020. Посетено на 11 февруари 2020.
- ↑ „Symptoms of Novel Coronavirus (2019-nCoV) | CDC“. www.cdc.gov (англиски). 10 февруари 2020. Архивирано од изворникот 30 јануари 2020. Посетено на 11 февруари 2020.
- ↑ „Research shows 3-day median incubation period for coronavirus, 24 days in rare cases“. The Straits Times. 11 февруари 2020.
- ↑ Guan, Wei-jie; Ni, Zheng-yi; Hu, Yu; Liang, Wen-hua; Ou, Chun-quan; He, Jian-xing; Liu, Lei; Shan, Hong; Lei, Chun-liang; Hui, David S. C.; Du, Bin (28 февруари 2020). „Clinical Characteristics of Coronavirus Disease 2019 in China“. New England Journal of Medicine (англиски). doi:10.1056/NEJMoa2002032. PMID 32109013.
- ↑ Pan, Xingfei; Chen, Dexiong; Xia, Yong; Wu, Xinwei; Li, Tangsheng; Ou, Xueting; Zhou, Liyang; Liu, Jing (19 февруари 2020). „Asymptomatic cases in a family cluster with SARS-CoV-2 infection“. The Lancet Infectious Diseases. 0. doi:10.1016/S1473-3099(20)30114-6. ISSN 1473-3099. PMID 32087116.
- ↑ „2019 Novel Coronavirus (2019-nCoV)“. Centers for Disease Control and Prevention. 11 февруари 2020. Посетено на 18 февруари 2020.
- ↑ https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019/advice-for-public
- ↑ Home. „Novel Coronavirus“. Health Protection Surveillance Centre. Посетено на 27 февруари 2020.
- ↑ „Advice for public“. World Health Organization (WHO). Посетено на 8 февруари 2020.
- ↑ „Severe Respiratory Disease associated with a Novel Infectious Agent“. Hong Kong: Centre for Health Protection, Department of Health. Посетено на 1 февруари 2020.
- ↑ „Updates on Wuhan Coronavirus (2019-nCoV) Local Situation“. Singapore: Ministry of Health. Посетено на 1 февруари 2020.
- ↑ „Advice on the use of masks the community, during home care and in health care settings in the context of the novel coronavirus (2019-nCoV) outbreak“. World Health Organization. Посетено на 21 февруари 2020.
- ↑ „When and how to use masks“. www.who.int (англиски). Посетено на 29 февруари 2020.
- ↑ Zhou P, Yang XL, Wang XG, Hu B, Zhang L, Zhang W, и др. (23 јануари 2020). јануари 22.914952v2 „Discovery of a novel coronavirus associated with the recent pneumonia outbreak in humans and its potential bat origin“ Проверете ја вредноста
|url=
(help). bioRxiv (англиски): 2020 јануари 22.914952. doi:10.1101/2020 јануари 22.914952 Проверете ја вредноста|doi=
(help). Архивирано од изворникот 2020-01-24. Посетено на 5 февруари 2020. - ↑ „The Epidemiological Characteristics of an Outbreak of 2019 Novel Coronavirus Diseases (COVID-19) - China, 2020“ (PDF). China CDC Weekly. 2. 20 февруари 2020. Архивирано (PDF) од изворникот 18 февруари 2020. Посетено на 19 февруари 2020 – преку unpublished master.
- ↑ Schnirring, Lisa (27 јануари 2020). „Experts: nCoV spread in China's cities could trigger global epidemic“. CIDRAP (англиски). Посетено на 28 јануари 2020.
- ↑ „Here's What It's Like in Wuhan, the City at the Center of Coronavirus“. Time (англиски). Посетено на 23 јануари 2020.
- ↑ Buckley, Chris; Myers, Steven Lee (1 февруари 2020). „As New Coronavirus Spread, China's Old Habits Delayed Fight“. The New York Times (англиски). ISSN 0362-4331. Посетено на 2 февруари 2020.
- ↑ Cohen, Jon; 2020 (26 јануари 2020). „Wuhan seafood market May not be source of novel virus spreading globally“. Science | AAAS (англиски). Архивирано од изворникот 27 јануари 2020. Посетено на 27 јануари 2020.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
- ↑ „Coronavirus: Window of opportunity to act, World Health Organization says“. BBC News Online. 5 февруари 2020. Архивирано од изворникот 5 февруари 2020. Посетено на 10 февруари 2020.
- ↑ Jeannette Guarner, MD, Three Emerging Coronaviruses in Two Decades: The Story of SARS, MERS, and Now COVID-19, American Journal of Clinical Pathology, doi:10.1093/ajcp/aqaa029
- ↑ 31,0 31,1 „Coronavirus Age, Sex, Demographics (COVID-19) - Worldometer“. www.worldometers.info (англиски). Архивирано од изворникот 27 февруари 2020. Посетено на 26 февруари 2020.
- ↑ The Editorial Board (29 јануари 2020). „Is the World Ready for the Coronavirus? - Distrust in science and institutions could be a major problem if the outbreak worsens“. The New York Times. Посетено на 30 јануари 2020.
- ↑ „Laboratory testing of human suspected cases of novel coronavirus (nCoV) infection. Interim guidance, 10 January 2020“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 20 јануари 2020. Посетено на 14 јануари 2020.
- ↑ Gorbalenya, Alexander E. (11 февруари 2020). февруари 07.937862v1 „Severe acute respiratory syndrome-related coronavirus – The species and its viruses, a statement of the Coronavirus Study Group“ Проверете ја вредноста
|url=
(help). bioRxiv: 2020 февруари 07.937862. doi:10.1101/2020 февруари 07.937862 Проверете ја вредноста|doi=
(help). - ↑ „Novi koronavirus 2019-nCoV“. fmoh.gov.ba. Посетено на 7 февруари 2020.
- ↑ Карта за дистрибуција на вируси
- ↑ Chiara Severgnini (31 јануари 2020). „Coronavirus: Primi due casi in Italia“. Corriere della Sera. Архивирано од изворникот на 24 февруари 2020. Посетено на 31 јануари 2020.
- ↑ Elisa Anzolin e Angelo Amante (21 февруари 2020). „L'epidemia di coronavirus cresce nel nord Italia, 16 casi segnalati in un giorno“ (англиски). Reuters. Архивирано од изворникот на 21 февруари 2020. Посетено на 21 февруари 2020.
- ↑ Simona Ravizza (22 февруари 2020). „Coronavirus: primi casi a Milano. Cosa sappiamo dei nuovi contagi in Lombardia, Veneto e Piemonte“. Corriere della Sera. Архивирано од изворникот на 22 февруари 2020. Посетено на 22 февруари 2020.
- ↑ News, B. N. O. (18 февруари 2020). „Tracking coronavirus: Map, data and timeline“. BNO News (англиски). Посетено на 29 февруари 2020.
- ↑ „Coronavirus impacts education“. UNESCO (англиски). 4 March 2020. Посетено на 7 March 2020.
- ↑ „Coronavirus update: 290 million students now stuck at home“. UN News (англиски). 5 March 2020. Посетено на 7 March 2020.
- ↑ „Coronavirus (COVID-19) Supply Chain Update“. US Food and Drug Administration. 27 February 2020. Посетено на 7 March 2020.
- ↑ Tkyo, Kelly (29 February 2020). „Coronavirus fears empty store shelves of toilet paper, bottled water, masks as shoppers stock up“. USA Today.
- ↑ „Coronavirus: Saudi Arabia suspends entry for pilgrims visiting holy sites“. BBC News. 27 February 2020.
- ↑ „Korona virus dobio novo ime – COVID-19“. Al Jazeera Balkans (босански). 11 февруари 2020. Посетено на 12 февруари 2020.
- ↑ Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 16-17.
- ↑ Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 28-33.
- ↑ Игор Лозаноски, Исповед на еден телевизор', Темплум, Скопје, 2020, стр. 34-36.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 53-54.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 56.
- ↑ YouTube, Iggy Pop - Dirty Little Virus (Official Audio) (пристапено на 10.1.2021)