Прејди на содржината

Азосоединение

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во хемијата, азосоединенијата главно имаат молекулска формула од видот R-N=N-R', во која R и R' можат да бидат или ароматични или алифатични. N=N групата се нарекува азо или диимидна функционална група. Ова помага да се стабилизира N=N групата, правејќи ја дел на продолжен делокализиран систем. Ова исто така има ефект на обојувањето на многу азосоединенија, бидејќи делокализираните или конјугираните системи често апсорбираат видливи честоти на светлина.

Типично азосоединение, 4-хидроксифенилазобензен или жолта азобоја.

Името "азо" доаѓа од името на азотот, кое е изведено од грчкото а (не) + зое (живее). Ароматичните азосоединенија (R = R' = ароматично) се обично стабилни и имаат живописни бои како црвена, портокалова и жолта. Поради тоа тие се користат како бои, кои се викаат азо бои. Некои азосоединенија, на пример метил портокалово, можат исто така што се користат како киселинско-базни индикатори, како резултат на можноста да функционираат како слаби киселини и поради различните бои на киселинските сол формите. Азобензенот е друго типично ароматично азосоединение.