Георги Шкорнов
Георги Шкорнов | ||
Роден | 12 февруари 1873 Нестрам, Костурско, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починал | 20 март 1935 Софија, Бугарија |
Георги Шкорнов, познат како Ѓакон Евстатиј или Црниот војвода[1][2] (12 февруари 1873 - 20 март 1935) — македонски револуционер и ресенски војвода на Внатрешната македонско-одрински револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Шкорнов е роден во 1873 година во костурско село Нестрам, тогаш во Османлиското Царство, денес Несторио, Грција. Син е на Марија и Димитар Шкорнови, татко му е трговец на волна и 15 години бил кмет на Нестрам. На 15 години станува послушник во Зографски манастир, каде што го прифаќа името Евстатиј. Во 1896 година завршува бугарската католичка гимназија во Солун. Служи како ѓакон во бугарската црква во романската престолнина Букурешт, но во 1903 година е привлечен кон македонското ослободително движење од Даме Груев и се вклучува во четата на Борис Сарафов.
На Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ, Ѓакон Евстатиј е избран за член на горското началство во Ѓаватколскиот револуционерен реон. Учествува во Илинденското востание, по задушувањето на востанието гостанува во Македонија и заедно со Даме Груев го обиколува Битолскиот и Солунскиот револуционерен округ. Во 1906-1907 година е околиски војвода во Ресенско. Во 1908 година е делегат на Ќустендилскиот конгрес.
Во Првата балканска војна, Ѓакон Евстатиј е војвода на партизанска чета (вод) № 29 на Македонско-одринското ополчение, составена од 14 луѓе. Влегува во Македонија со четата на Григор Џинџифилов и водат борба на врвот Чавките. Ги ослободуваат Сборско (14.X), Кронцелево (18.X), Почет (24.X) и други, а до 28.X ги протееруваат од турски сили од Мегленско. Со воспоставувањето на грчката власт се повлекува на бугарска територија, а подоцна е во Здружената партизанска чета на МОО за време на Втората балканска војна[3].
-
Четата на Шкорнов
-
Ѓакон Евстатиј
-
Четата на Шкорнов со четите на Георги Мончев, Гоце Междуречки, Григор Џинџиифилов, Стамен Темелков и Христо Цветков.
-
Костурски војводи, сликани во април 1913 година в Ксанти. Шкорнов е четвртиот седнат
Наводи
[уреди | уреди извор]„Георги Шкорнов“ на Ризницата ? |
- ↑ Псевдонимите на ВМРО, Ангел и Христо Узунови, Серија, „Архивата на Ангел Узунов“, Државен Архив на Република Македонија, Скопје, 2015, стр. 95
- ↑ Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 342
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 254, 893.