Лазар Делев
Лазар Делев | ||
Роден | 1875 Ореовица, Гевгелиско, Егејска Македонија | |
---|---|---|
Починал | 1938 Софија, Бугарија |
Лазар Делев, познат како Оревски, — македонски револуционер, војвода на Македонската револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Делев е роден во 1875 година во сиромашно семејство во бојмишкото село Ореовица, тогаш во Османлиското Царство, денес Певкодасос, Грција. Се нааселил во Солун и станува работник при железничкото депо на железничката станица. Станува член на ВМОРО, исполнува терористички и курирски задачи [1].
Во мај 1898 година е уапсен по убиството на водачот на гркоманската партија во Гевгелија, Христо Цицов во кое Делев нема учество. Лежи во Гевгелискiot затвор до ноември, по што е затворен во Еди куле во Солун до 10 август 1899 година, кога судот го прогласиl за невин и покрај притисокот на Солунскиот грчки конзул и солунската митрополија за осудување [2].
По неговото ослободување влегува во четата на локалниот војвода Иванчо Карасулијата и зема учество во Илинденското востание, се бори во Горноџумајско заедно со Илија Балтов и Христо Саракинов [3].
Од 1905 година е самостоен гевгелиски војвода и заедно со Аргир Манасиев ги одбил нападите на грчката вооружена пропаганда. Негов четник е Дељо Василев.
Во Првата балканска војна станува војвода на партизанската чета № 44 при Македонско-одринското ополчение, со 25 души. Напредува по долината на реката Струма со четите на Дончо Златков, Никола Герасимов и Тане Николов. Зема учество во борбите кај Осеново, Сенокос и други, а подоцна е во Здружентаа партизанска чета на МОО.
Лазар Делев умира во 1938 година, Софија [4].
Извори
[уреди | уреди извор]- ↑ „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 55
- ↑ „Борбите в Македония - Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 59
- ↑ Известия на Института за българска литература. Т. 7, 1958, стр. 354.
- ↑ Енциклопедия Пирински край, том 1, Благоевград, 1995, стр. 259.