Елисејска палата
Изглед
Елисејска палата (француски: Le Palais de l’Élysée) е палата во Париз и седиште на Претседателот на Франција и негова резиденција. Оваа намена Елисејската палата ја има уште од Втората Француска републија (1848 - 1851). Палатата се наоѓа во VIII округ во Париз.
Палатата во класицистички стил ја проектирал архитектот Арман Клод Моле. Изградена е во периодот од 1718 до 1722 и станала предмет на воодушевување во тоа време. Името го добила по авенијата Елисејски Полиња, која се наоѓа во близина на палатата.
|