Лактон
Изглед
Во хемијата, лактон претставува цикличен естер[1] кој може да се смета за кондензациски производ на алкохолната група -OH и карбоксилната група -COOH во истата молекула. Тој има карактеристичен хетероцикличен прстен кој се состои од два или повеќе атоми на јаглерод и еден атом на кислород со кето група на еден од јаглеродните атоми до него. Многу од методите за синтеза на естрите се применливи и на лактоните.
|
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ March's Advanced Organic Chemistry: Reactions, Mechanisms, and Structure Michael B. Smith, Jerry March Wiley-Interscience, 5th edition, 2001, ISBN 0-471-58589-0