Лизимах
Лизимах | |
---|---|
Крал на Тракија Крал на Мала Азија Крал на Македонија | |
Римска биста на Лизимах | |
На престол | 306 п.н.е. - 281 п.н.е. |
Крунисување | 306 п.н.е. |
Почивалиште | 281 п.н.е. |
Придружник | Амастрида |
Жени | |
Деца | Агатокле, Александар |
Династија | Птоломаиди |
Династија | Птоломаиди |
Татко | Агатокле |
Лизимах (~ 360 – 281 п.н.е.) — македонски офицер и „наследник“ (дијадох) на Александар Македонски, подоцна и крал (306 п.н.е.) на Тракија и Мала Азија.
Роден е во 362/361 п.н.е., како син на Тесалиецот Агатокле од Кранон. Живеел во Македонија и своето образование го стекнал во Пела. Најверојатно бил избран за телохранител за време на кралувањето на Филип II Македонски.[1] За време на воениот поход на Персија од страна на Александар Македонски, тој бил еден од неговите најверни телохранители. 324 п.н.е., во Суса, тој добил признание за неговите походи во Индија..[2] По смртта на Александар, 323 п.н.е., тој бил назначен за управител на Тракија како стартег.[3]
Се родил во Пела, Македонија како син на Агатокле. За време на походот на Александар во Персија бил еден од неговите непосредни телохранители и се истакнал во Индија. По смртта на Александар во (323 п.н.е.) бил назначен да управува со Тракија и Херонез. Долго време главна преокупација му била борбата со одрискот крал Севт III.
Во 315 п.н.е. им се придружил на Касандар, Птоломеј и Селевкид против Антигон, кој меѓутоа му го свртел вниманието со подбуцнување на тракиските и скитските племиња против него. Во 309 п.н.е., ја основал Лизимахија во командна позиција кон грлото каде Херонез се врзува со главното копно. Го проследил примерот на Антигон, па се прогласил за крал. Во 302 кога била направена втората свршувачка помеѓу Касандар, Птоломеј и Селевкид, Лизимах, потпомогнат од единици на Касандар, навлегол во Мала Азија, каде не нашол на отпор. При доаѓањето на Антигон тој се повлекол да презими во Хераклеја, па се оженил со вдовицата Амастрида, персиска принцеза. Селевк му се придружил во 301 п.н.е., и во битка кај Ипс Антигон бил поразен и убиен. Неговите територии си ги поделиле победниците, со тоа што Лизимах го добил поголемиот дел од Мала Азија.
Насетувајќи дека Селевк станал опасно голем, Лизимах сега се сојузил со Птоломеј, оженувајќи ја неговата ќерка Арсиноја II. Амастрида, која се развела од него, се вратила во Хераклеја. Кога синот на Антигон, Деметриј го повторил непријателството (297 п.н.е.), за време на неговото отсуство во Грција, Лизимах ги зазел неговите градови во Мала Азија, но во 294 п.н.е. склучил мир каде Деметриј бил признаен за владетел на Македонија. Се обидел да ја прошири својата власт преку Дунав, но бил поразен и заробен од гетскиот крал Дромихет кој по пријателски договор, го ослободил. Деметриј потоа ѝ се заканувал на Тракија, но морал да се повлече заради ненадејно избивање на востание во Беотија, како и од напад од Пир Епирски.
Во 288 п.н.е. Лизимах и Пир извршиле инвазија на Македонија, и го избркале Деметриј од земјата. Најпрвин на Пир му било дозволено да ја држи Македонија со титула крал, но во 285 п.н.е. he бил истеран од Лизимах.
Домашните проблеми ги загорчиле последните години од животот на Лизимах. Амастрида била убиена од нејзините двајца синови; Лизимах предавнички ги погубил. При неговото враќање Арсиноја ја побарала Хераклеја како подарок, а тоа тој ѝ го одобрил, иако ветил дека ќе го ослободи градот. Во 284 п.н.е. Арсиноја, во желба за наследство за нејзините синови наместо Агатокле (најстариот син на Лизимах), почнала со интриги против него со помош на нејзиниот брат Птоломеј Керавн; го обвиниле дека тој со Селевк заговарал да го заземе престолот, па бил погубен.
Оваа свирепа постапка на Лизимах предизвикала голема огорченост. Многу од градовите во Азија се побуниле, а неговите најверни пријатели го напуштиле. Вдовицата а Агатокле пребегала кај Селевкид, кој веднаш извршил поход на територијата на Лизимах во Азија. Во 281 п.н.е., Лизимах го преминал Хелеспонт и влегол во Лидија, и бил убиен во решавачката битка кај Курупедион. По неколку дена било најдено неговото тело, чувано од верен пес, било најдено на полето, и предадено на син му Александар, кој го погребал во Лизимахија.
Класична библиографија
[уреди | уреди извор]- Аријан, Анабаза v. 13, vi. 28
- Јустин xv. 3, 4, xvii. I
- Квинт Куртиј V. 3, x. 30
- Диодор Сицилиски xviii. 3
- Полибиј v. 67
- Плутарх, Деметриј, 31. 52, Пир, 12
- Апијан, Syriaca, 62
- Коноп Тирлвол, Историја на Грција, vol. viii. (1847)
- Џ. П. Махафи, Приказна за Александровото царство
- Ј. Г. Дројзен, Хеленизам (Второ изд., 1877)
- Агдолф Холм, Грчка историја, Том iv. (1894)
- Бенедикт Низе, Историја на грчките и македонските држави, том. i. и ii. (1893, 1899)
- Карл Јулиј Белох, Грчка историја vol. iii. (1904)
- Хунервадел, Истражување за историјата на крал Лизимах (1900)
- Посенти, Кралот Лизимах од Тракија (1901)
- Гионе, Белешки за кралството на Лизимах (Кралска академија Торино, xxxix.)
- Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: ref=harv (link)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Heckel, Waldemar. Who's Who in the Age of Alexander the Great: Prosopography of Alexander's Empire. Blackwell Publishing, 2006, ISBN 1-4051-1210-7, p. 153. (англиски) "Лизимах (Lysimachos). Син на Агатокле, Тесалиец од Кранон, кого Теопомпиј го опишува како flatterer на Филип II. He was presumably not as humble as Theopompus claims. Agathocles and his sons were granted Macedonian citizenship and Lysimachus was educated at the court in Pella. Brother of Philip and Autodicus, though a third brother, Alcimachus, is not positively identified as such. Born perhaps as early as 362/1, Lysimachus may have been appointed Somatophylax already during the reign of Philip II. Justin's claim that he was 74 when he died at Corupedium must be treated with suspicion, since this would make Lysimachus too young to have accompanied Alexander from the beginning of the expedition as a pais basilikos."
- ↑ Heckel, Waldemar. Who's Who in the Age of Alexander the Great: Prosopography of Alexander's Empire. Blackwell Publishing, 2006, ISBN 1-4051-1210-7, pp. 153-154. "Near Sangala in India some 1,200 of Alexander's troops were wounded, among them Lysimachus the Somatophylax. He had earlier boarded a thirty-oared vessel at the Hydaspes (in the company of two other Somatophylakes), before the battle with Porus, though his role in the actual battle is not attested; presumably he fought in the immediate vicinity of Alexander himself. When Alexander decided to sail down the Indus river system to the Ocean, Lysimachus was one of those from Pella charged with a trierarchy in the Attic fashion. He is named by Arrian in the only complete list of Somatophylakes. At Susa in spring 324, Lysimachus and the rest of the Somatophylakes were crowned by Alexander, though unlike Leonnatus, Lysimachus appears to have earned no special distinction."
- ↑ Heckel, Waldemar. Who's Who in the Age of Alexander the Great: Prosopography of Alexander's Empire. Blackwell Publishing, 2006, ISBN 1-4051-1210-7, p. 155. "In 323 Lysimachus was assigned control of Thrace, and was probably strategos rather than satrap. The subordinate position of strategos may account for the failure of the sources to mention Lysimachus in the settlment of Triparadeisus; his brother Autodicus was, however, named as a Somatophylax of Philip III at that time."
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Лизимах“ на Ризницата ? |
- Лизимах (англиски)
Претходник — |
Управник на Тракија 323–306 п.н.е. |
Наследник станал крал |
Претходник Александар IV |
Крал на Тракија 306–281 п.н.е. |
Наследник Птоломеј II Керавн |
Претходник Антигон I Едноокиот |
Крал на Мала Азија 301–281 п.н.е. |
Наследник Селевк I Никатор |
Претходник Деметриј I Опсадникот |
Крал на Македонија со Пир Епирски 288–281 п.н.е. |
Наследник Птоломеј II Керавн |
Аргеади | Каран • Коин • Тирима • Пердика I • Аргеј I • Филип I • Аероп I • Алкет I • Аминта I • Александар I • Алкет II • Пердика II • Архелај I • Кратер • Орест • Аероп II • Архелај II • Аминта II • Павзаниј • Аминта III • Аргеј II • Аминта III • Александар II • Пердика III • Аминта IV • Филип II • Александар III Македонски • Филип III Аридеј • Александар IV | |
Намесници | Антипатар • Пердика • Полиперхон • Касандар | |
Антипатриди | Касандар • Филип IV • Александар V • Антипатар II • Состен | |
Антигониди | Деметриј I Опсадникот • Антипатар II • Антигон II Гонат • Деметриј II • Антигон III Досон • Филип V • Персеј | |
Птолемаиди | Птоломеј II Керавн • Мелегар | |
Други | Лизимах • Пир Епирски |
|