Прејди на содржината

Состен

Од Википедија — слободната енциклопедија

Состен (умрел 277 п.н.е.) бил крал на Македонија и генерал од династијата Антипатриди. Владеел како крал од 279 п.н.е. - 277 п.н.е. За време на владеењето на Лизимах бил гувернер на Мала Азија. Во 279 п.н.е. го убил неговиот братучед Антипатар II, кој тогаш бил крал на Македонија. Состен уживал огромна популарност бидејќи ги поразил келтите во многу крвава битка кај Делфи. Бил убиен само две години по крунисувањето. Потоа на престолот дошол Антигон II Гонат.

Претходник
Антипатар II
Крал на Кралството Македонија
279–277 п.н.е.
Наследник
Антигон II Гонат