Прејди на содржината

Мелбурн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Малбурн
Melbourne
Панорама на Мелбурн навечер, Плоштад Федрација, железничка станица Флиндерс, Мелбурн Крикет Штадион
Панорама на Мелбурн навечер, Плоштад Федрација, железничка станица Флиндерс, Мелбурн Крикет Штадион
Панорама на Мелбурн навечер, Плоштад Федрација, железничка станица Флиндерс, Мелбурн Крикет Штадион
Mестоположба
Општи податоци
Име
- изворно
Малбурн
  Melbourne
Основан 30 август 1835
Поштенски број 3000
Повикувачки број +61(0)3
Портал www.melbourne.vic.gov.au
Управа
Земја Австралија
Градоначалник Џон Со
Географија
Површина 7.694 km²
Население
Население 3,806,092 жители
година:
Густина 1566 ж./km²
Етнички групи различни

Мелбурн (англиски: Melbourne) е главниот и најголемиот град на австралиската сојузна држава Викторија и воедно вториот по големина град во Австралија, веднаш зад Сиднеј.

Мелбурн има население од околу 3,80 милиони жители а околината брои дополнителни 69 670 граѓани. Мелбурн бил главен град на Австралија од 1901 година до 1927 година. Градот се отликува со својата космополитност и висок животен стандарт. Три поредни години 2002, 2003 и 2004 е определуван за „најдобар град за живење во светот“. Мелбурн е дом на повеќе од 70% од Викторијанците.

Мелбурн е голем индустриски и трговски центар. На многу австралиски компании главните седишта им се наоѓаат таму. Најголемиот аеродром во Австралија се наоѓа во Мелбурн. Во градот постојат седум универзитети. Исто така многу развиена е и автомобилската индустрија со производствени погони на Форд, Тојота и др.

Историја

[уреди | уреди извор]

Градот е основан во 1834 година од страна на Џон Бетмен и Џон Паско Фокнер.

Во 1956 година, Мелбурн бил домаќин на Олимписките игри. Исто така, градот е познат и по одржувањето на тенискиот турнир, официјално познат како „Отворено првенство на Австралија“ (Australian Open). Најпосле, во Мелбурн редовно се одржува и трка во рамките на првенството во „Формула 1“.

Мелбурн како тема во уметноста и во популарната култура

[уреди | уреди извор]
  1. Кинотека на Македонија, Програма - февруари 2017