Прејди на содржината

Папенбург

Координати: 53°04′0″N 7°24′0″E / 53.06667° СГШ; 7.40000° ИГД / 53.06667; 7.40000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Папенбург

Papenburg

Градското собрание (2004 г.)
Градското собрание (2004 г.)
Градското собрание (2004 г.)
Знаме на Папенбург
Грб на Папенбург
Папенбург во рамките на Германија
Папенбург
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Емсланд
Градски единици 6
Градоначалник Ванеса Гатунг (СДП)
Основни податоци
Површина 118,36 км2
Надм. височина 4 м
Население 38.556 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 326 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. EL
Пошт. бр. 26871
Повик. бр. 04961, 04962, 04965
Портал www.papenburg.de
Местоположба на градот Папенбург во рамките на округот Емсланд
Карта
Карта
Координати 53°04′0″N 7°24′0″E / 53.06667° СГШ; 7.40000° ИГД / 53.06667; 7.40000

Папенбург (германски: Papenburg) — град во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Емс и најмногу е познат по бродоградилиштето „Мајер Верфт“ насочено кон изработка на крузери.

Географија

[уреди | уреди извор]

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Градот Папенбург е најсеверниот град во округот Емсланд, непосредно на граница со источнофризискиот округ Лер. Градот има должина од 11,5 километри и се протега 15,5 километри во ширина.[2] Се наоѓа 13 километри јужно од градот Венер и 38 километри северно од градот Харен. Од Папенбург до холандската граница на запад има околу 15 километри. На југ од градот поминува крајбрежниот канал, додека на запад поминува каналот Дортмунд-Емс, како и реката Емс, која му овозможува на градот да го има најјужното морско пристаниште во Германија.

Соседни општини

[уреди | уреди извор]

Градот Папенбург се граничи со осум општини и градови. На север се граничи со општините Вестоверлединген и Раудерфен, како и градот Венер, сите во округот Лер. На запад се граничи со општината Реде, на југ со општините Хеде, Лее и Нојлее во општинската заедница Дерпен. На исток се граничи со општината Зурволд во општинската заедница Нордхимлинг.

Градски единици

[уреди | уреди извор]

Градот Папенбург е поделен на седум градски единици. Со општинската реформа во 1973 година поранешниот град Ашендорф (1), како и општините Хербрум (2), Тунксдорф (3), Нендорф (4) и Бокел (5) биле припоени кон градот Папенбург, чие градско јадро било поделено на Унтененде (6) и Обененде (7).

  1. Ашендорф
  2. Хербрум
  3. Тунксдорф
  4. Нендорф
  5. Бокел
  6. Унтененде
  7. Обененде

Карта на градските единици на Папенбург

Папенбург е најстара и најголема колонија на мочуришта во Германија, поради што поседува бројни канали. Мрежата на канали во градот изнесува околу 40 километри вкупна должина.

Климата во Папенбург има годишна просечна температура од 8,7 °C и просечни врнежи од 757 милиметри. Климата е под влијание на средноевропските западни ветришта.

Клима на Папенбург
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна максимална (°C) 4 5 8 12 17 20 21 21 17 14 8 5 12,7
Просечна температура (°C) 1,2 1,6 4,3 7,3 11,7 14,7 16,0 16,3 13,6 10,0 5,4 2,6 8,8
Просечна минимална (°C) −2 −1 2 3 6 9 11 11 9 6 2 1 4,8
Просечно кол. врнежи (мм) 62 41 55 46 55 70 80 69 66 67 77 69 757
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) 13 9 12 10 11 11 11 11 11 11 14 14 138
Сончеви часови (дневно) 1 2 3 5 6 5 6 6 4 3 3 1 3,8
Извор: klima.org, mappedplanet.com

Политика

[уреди | уреди извор]

Градски совет

[уреди | уреди извор]

Градскиот совет се состои од 38 избрани членови.[3] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[4]

Градоначалник

[уреди | уреди извор]

Градоначалникот на градот Папенбург е Ванеса Гатунг (SPD), која на последните избори на 26 септември 2021 година освоила 62,57% од гласовите.

Збратимени градови

[уреди | уреди извор]

Папенбург е збратимен со следниве градови:[5]

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
  2. „Basis- und Strukturdaten“. Stadt Papenburg. 2019-01-01. Архивирано од изворникот на 2019-02-22. Посетено на 2019-05-15.
  3. Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 28. Dezember 2016.
  4. https://votemanager.kdo.de/20210912/03454032/praesentation/ergebnis.html?wahl_id=222&stimmentyp=0&id=ebene_3_id_560. Занемарен непознатиот параметар |titel= (се препорачува |title=) (help); Занемарен непознатиот параметар |abruf= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  5. „Partnerstädte“. stadt.papenburg.de (германски). Papenburg. Архивирано од изворникот на 2019-04-14. Посетено на 2021-03-07.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]