Папенбург
Папенбург
Papenburg | ||
Градското собрание (2004 г.) | ||
Управа | ||
Земја | Германија | |
---|---|---|
Покраина | Долна Саксонија | |
Округ | Емсланд | |
Градски единици | 6 | |
Градоначалник | Ванеса Гатунг (СДП) | |
Основни податоци | ||
Површина | 118,36 км2 | |
Надм. височина | 4 м | |
Население | 38.556 (31 декември 2022)[1] | |
- Густина | 326 жит/км2 | |
Други информации | ||
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) | |
Рег. табл. | EL | |
Пошт. бр. | 26871 | |
Повик. бр. | 04961, 04962, 04965 | |
Портал | www.papenburg.de | |
Местоположба на градот Папенбург во рамките на округот Емсланд | ||
Координати | 53°04′0″N 7°24′0″E / 53.06667° СГШ; 7.40000° ИГД |
Папенбург (германски: Papenburg) — град во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Емс и најмногу е познат по бродоградилиштето „Мајер Верфт“ насочено кон изработка на крузери.
Географија
[уреди | уреди извор]Местоположба
[уреди | уреди извор]Градот Папенбург е најсеверниот град во округот Емсланд, непосредно на граница со источнофризискиот округ Лер. Градот има должина од 11,5 километри и се протега 15,5 километри во ширина.[2] Се наоѓа 13 километри јужно од градот Венер и 38 километри северно од градот Харен. Од Папенбург до холандската граница на запад има околу 15 километри. На југ од градот поминува крајбрежниот канал, додека на запад поминува каналот Дортмунд-Емс, како и реката Емс, која му овозможува на градот да го има најјужното морско пристаниште во Германија.
Соседни општини
[уреди | уреди извор]Градот Папенбург се граничи со осум општини и градови. На север се граничи со општините Вестоверлединген и Раудерфен, како и градот Венер, сите во округот Лер. На запад се граничи со општината Реде, на југ со општините Хеде, Лее и Нојлее во општинската заедница Дерпен. На исток се граничи со општината Зурволд во општинската заедница Нордхимлинг.
Градски единици
[уреди | уреди извор]Градот Папенбург е поделен на седум градски единици. Со општинската реформа во 1973 година поранешниот град Ашендорф (1), како и општините Хербрум (2), Тунксдорф (3), Нендорф (4) и Бокел (5) биле припоени кон градот Папенбург, чие градско јадро било поделено на Унтененде (6) и Обененде (7).
|
Канали
[уреди | уреди извор]Папенбург е најстара и најголема колонија на мочуришта во Германија, поради што поседува бројни канали. Мрежата на канали во градот изнесува околу 40 километри вкупна должина.
Клима
[уреди | уреди извор]Климата во Папенбург има годишна просечна температура од 8,7 °C и просечни врнежи од 757 милиметри. Климата е под влијание на средноевропските западни ветришта.
Клима на Папенбург | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Просечна максимална (°C) | 4 | 5 | 8 | 12 | 17 | 20 | 21 | 21 | 17 | 14 | 8 | 5 | 12,7 |
Просечна температура (°C) | 1,2 | 1,6 | 4,3 | 7,3 | 11,7 | 14,7 | 16,0 | 16,3 | 13,6 | 10,0 | 5,4 | 2,6 | 8,8 |
Просечна минимална (°C) | −2 | −1 | 2 | 3 | 6 | 9 | 11 | 11 | 9 | 6 | 2 | 1 | 4,8 |
Просечно кол. врнежи (мм) | 62 | 41 | 55 | 46 | 55 | 70 | 80 | 69 | 66 | 67 | 77 | 69 | 757 |
Врнежливи денови (≥ 2,0 мм) | 13 | 9 | 12 | 10 | 11 | 11 | 11 | 11 | 11 | 11 | 14 | 14 | 138 |
Сончеви часови (дневно) | 1 | 2 | 3 | 5 | 6 | 5 | 6 | 6 | 4 | 3 | 3 | 1 | 3,8 |
Извор: klima.org, mappedplanet.com |
Политика
[уреди | уреди извор]Градски совет
[уреди | уреди извор]Градскиот совет се состои од 38 избрани членови.[3] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:[4]
Градоначалник
[уреди | уреди извор]Градоначалникот на градот Папенбург е Ванеса Гатунг (SPD), која на последните избори на 26 септември 2021 година освоила 62,57% од гласовите.
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Папенбург е збратимен со следниве градови:[5]
- Рошфорт, Франција (од 1988 г.)
- Погранични, Русија (од 1995 г.)
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Градскиот парк
-
Канали низ градот
-
Ветерници
-
Црквата „Св. Антонио“
-
Железничката станица
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Населеност на окрузите, општините и месните заедници во Долна Саксонија на 31 декември 2022“. Служба за статистика и комуникациска технологија на Долна Саксонија. јули 2023. (германски)
- ↑ „Basis- und Strukturdaten“. Stadt Papenburg. 2019-01-01. Архивирано од изворникот на 2019-02-22. Посетено на 2019-05-15.
- ↑ Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten Архивирано на 10 јуни 2020 г., abgerufen am 28. Dezember 2016.
- ↑ https://votemanager.kdo.de/20210912/03454032/praesentation/ergebnis.html?wahl_id=222&stimmentyp=0&id=ebene_3_id_560. Занемарен непознатиот параметар
|titel=
(се препорачува|title=
) (help); Занемарен непознатиот параметар|abruf=
(help); Отсутно или празно|title=
(help) - ↑ „Partnerstädte“. stadt.papenburg.de (германски). Papenburg. Архивирано од изворникот на 2019-04-14. Посетено на 2021-03-07.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Папенбург на Ризницата ?
- Матична страница (германски)
|