Прејди на содржината

Пчињски Округ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пчињски Округ
Округ во Србија
Местоположба на Пчињскиот Округ во Србија
Местоположба на Пчињскиот Округ во Србија
Држава Србија
СедиштеВрање
Управа
 • НачалникБудимир Михајловиќ
Површина
 • Вкупно3,520 км2 (1,359 ми2)
Население (2011 попис)
 • Вкупно159,081
 • Густина45,1/км2 (1,170/ми2)
Општини7 и 1 град
Населби363
Градови6
– Села357
Мреж. местоwww.pcinjskiokrug.org.rs

Пчињски Округ (Пчински Округ) или Врањско, (српски: Пчињски управни округ) е округ кој се наоѓа во најјужниот дел на Србија, меѓу Република Македонија, Бугарија и Косово. Вкупното население во округот изнесува 227 690 луѓе. Административен центар на округот е градот Врање. Површината на округот е 3520 км2. Физичкогеографската локација, и најмногу близината на областа, ја прави во историско-географски план поблиска кон Македонија, него до Поморавието и Косово. Земјописно, се наоѓа во централниот дел на Јужна Србија.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]

Пчињскиот Oкруг е составен од седум административни единици.

Историја

[уреди | уреди извор]

Името Врањско е дадено на областа во близина на јужна Морава по името на градот Врање во текот на средниот век. За првпат името се спомнува во 1093, кога рашкиот жупан Вукан, војувајќи со византијците, стигнал до Скопје, Полог и до областа околу Врање наречена Врањско. По распаѓањето на Душановото царство, деспотот Константин Драгаш владее со областа. Со подпагањето под Османлиското царство, регионот влегува традиционално од претходниот период во Ќустендилскиот санџак. Пред XIX век, населението во областа се вклучува во борбата за национална црква, и под бугарска власт, Врањско е во состав под Бугарската егзархија. По потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор од 3 март 1878, поголемиот дел од денешниот Пчињски Oкруг влегува во состав на Кнежевството Бугарија. Тогаш, источните делови (Босилеград) беше населена со Шопи и Бугари. Според Берлинскиот конгрес, тој дел од Пчињскиот крај, како и пиротскиот, е соединет кон Србија. По меѓусојузната војна и јужниот дел на Пчињскиот Oкруг е соединет кон Србија. По Првата светска војна, според Нејскиот договор, територијата на општината Босилеград е вклучена кон Србија. Во периодот меѓу мај 1941 до август 1944, областа е под окупација на Бугарија. Денеска, според официјалните српски пописи, населението на Пчињскиот Oкруг се состои од Срби, Албанци, Македонци, Бугари и Роми. Албанците живеат целосно во општина Прешево и Бујановац, и во руралните области на Медвеѓа. Македонците живеат во граничните области во регионот околу Прохор Пчињски. Ромите живеат насекаде низ областа, додека Бугарите претежно живеат во источните делови на округот, поточно во општина Босилеград.

Поврзано

[уреди | уреди извор]