Френк Гери
Френк Гери | |
---|---|
(2010) | |
Роден(а) | Френк Овен Голдберг 28 февруари 1929 Торонто, Онтарио, Канада |
Националност | Канаѓанец, Американец |
Установа | Универзитет на Јужна Калифорнија |
Ателје | Гери Партнерс |
Френк Овен Гери, (роден како Френк Овен Голдберг; р. 28 февруари 1929)[1] — американски архитект роден во Канада, кој живее и работи во Лос Анџелес.
Голем број од неговите згради, вклучувајќи го неговиот приватен дом, станаа светски познати знаменитости. Неговите дела се сметаат за едни од најважните на современата архитектура во анкетата World Architecture Survey спроведена од страна на Vanity Fair во 2010, во која беше наречен и "најважниот архитект на нашето време".[2]
Најпознатите дела на Гери вклучуваат музејот Гугенхајм во Билбао, Шпанија; Концертната сала Волт Дизни во центарот на Лос Анџелес; Луи Витон фондацијата во Париз, Франција; МИТ Реј и Марија Стата центар во Кембриџ, Масачусетс; Вонц центарот за молекуларни студии на кампусот на Универзитетот на Синсинати; Музеј на поп-културата во Сиетл; концертната хала Нов светски центар во Мајами Бич; Вајсман музејот на уметноста на Универзитетот на Минесота во Минеаполис; Танцувачката куќа во Прага; Витра дизајн музејот и Марта Херфорд музејот во Германија; Уметничката галерија на Онтарио во Торонто; Cinémathèque Française во Париз; и 8 Spruce Street во Њујорк.
Неговата кариера започна по изведбата на неговиот приватен дом во Санта Моника, Калифорнија. Гери, исто така, е проектант на идниот национален Меморијал на Двајт Д. Ајзенхауер.[3]
Почетокот на животот
[уреди | уреди извор]Френк Гери е роден Френк Овен Голдберг на 28 февруари 1929 година, во Торонто, Онтарио. Негови родители биле Седи Телма (родена Каплан) и Ирвинг Голдберг. Неговиот татко е роден во Бруклин, Њујорк, на родители кои биле руски Евреи, а неговата мајка беше Еврејка родена во Лоѓ.[4][5][6] Гери беше креативно дете, во што беше охрабруван од неговата баба, Леа Каплан,[7] со која градел мали футуристички градови и замислени куќи на подот од дневната соба од остатоци од дрво што Леа ги наоѓала во продавницата за алати на нејзиниот сопруг.[8]
Неговата употреба на брановиден челик и необоена иверица и други утилитаристички и „секојдневни“ материјали беше делумно инспирирана од сето време што го минувал во продавницата за алати на дедо му. Тој поминувал време цртајќи со неговиот татко, а неговата мајка го запознала со светот на уметноста. „Па, креативните гени беа таму“, вели Гери. „Но, татко ми мислеше дека сум само сонувач, и дека нема да постигнам ништо. Мајка ми беше таа која сметаше дека бев само повлечен. Таа ме туркаше.“Грешка во наводот: Отворачката ознака <ref>
не е добро срочена или има погрешно име.
Од страна на неговиот дедо му беше дадено хебрејското име „Ефрем“, но истото било искористено само за неговата бар мицва.
Образование
[уреди | уреди извор]Во 1947 година, неговото семејство се доселило во САД, населувајќи се во Калифорнија. Гери се вработил како возач на камион за испораки, а студирал на Лос Анџелес сити колеџ, и дипломирал на Школата за архитектурата на Универзитетот на Јужна Калифорнија. Во тоа време, тој станува член на Алфа Ипсилон Пи.[9]
Кариера
[уреди | уреди извор]Во 1961, тој се преселил во Париз, каде работел за архитектот Андре Ремонде.[10] Во 1962, Гери воспоставува биро во Лос Анџелес, кое станува Frank Gehry and Associates во 1967 година, a потоа Gehry Partners во 2001 година.[11] Најраните порачки на Гери биле сите во јужна Калифорнија, каде тој дизајнирал голем број на иновативни комерцијални структури како што е трговскиот центар Санта Моника Плејс (1980) и станбени објекти, како што е ексцентричната Куќа Нортон (1984) во Венеција, Калифорнија.[12]
Помеѓу цело ова творештво, сепак, можеби најзначаен дизајн на Гери може да биде реновирањето на неговата сопствена куќа во Санта Моника, Калифорнија.[13] Првобитно изградена во 1920 и купена од страна на Гери во 1977, куќата е опремена со метална фасада обвиткана околу оригиналната зграда која остава многу од изворните детали видливи.[14] Гери сè уште живее таму.
Други завршени згради дизајнирани од страна на Гери во текот на 1980-тите вклучуваат Морскиот аквариум Кабриљо (1981) во Сан Педро и Воздушно-космичкиот музеј на Калифорнија (1984), при Музејот на науката и индустријата на Калифорнија во Лос Анџелес.
Во 1989 година, на Гери му беше доделена на Прицкеровата награда. Жирито го опишало Гери како „Секогаш отворен за експериментирање, тој исто така има и сгируност и зрелост која се спротивставува, на истиот начин на кој и Пикасо, да биде врзана од какво било критичко прифаќање или од неговите успеси. Неговите згради се спротивставени колажи на простори и материјали поради кои корисниците можат го ценат театар и бекстејџот, кои се истовремено откриени.“[15]
Иако Gehry продолжил да дизајнира и други значајни објекти во Калифорнија, како што е зградата „Двоглед“ (1991) во Венеција, Калифорнија, во соработка со Клас Олденбург, која е добро позната по масивната скулптура на двоглед, тој започнува да добива поголеми национални и меѓународни порачки. Тие ја вклучуваат и првата европска порачка на Гери - Меѓународната фабрика за мебел Витра и Музејот на Дизајн во Германија завршени во 1989. Ова наскоро беше проследено со другите големи проекти, вклучувајќи ги и Музејот на уметност Фредерк Вајсман[16] (1993) во Минеаполис, Минесота, Cinémathèque Française[17] (1994) во Париз, и Танцувачката куќа[18] (1996) во Прага.
Во 1997, Гери достигна ново ниво на меѓународни признанија со отворањето на Музејот Гугенхајм во Билбао, Шпанија. Наречен, од страна на Њујоркер „ремек-дело на дваесеттиот век“ и од страна на легендарниот архитект Филип Џонсон „најголемата зграда на нашето време“,[19] музејот стана познат по својот впечатлив, но воедно и естетски префинет дизајн и економскиот ефект кој истиот го имаше врз градот.
Од тогаш, Гери редовно освојува големи конкурси и дополнително се има поставено себеси како еден од најзначајните светски архитекти. Неговите најдобри примени дела вклучуваат неколку концертни сали за класична музика, како што е жестоката и заоблена Концертна сала Волт Дизни (2003) во Лос Анџелес, која претставуваше централна точка на ревитализацијата на соседството, и која Лос Анџелес Тајмс ја назначи „најефективниот одговор кој американски архитект им го има дадено на сите критичари кои се сомневаа и негодуваа“,[20] отворениот Џеј Прицкер павилјон (2004) во непосредна близина на Милениумскиот парк во Чикаго,[21] и концертната сала Нов светски центар (2011) во Мајами Бич, која ЛА Тајмс ја нарече „парче архитектура кој те осмелува да ја потцениш или отфрлиш на прв поглед."[22]
Други значајни проекти на Гери вклучуваат академските згради Стата центарот (2004)[23] На МИТ и библиотеката Петар Б. Луис (2008) на Принстон,[24] Музејот на поп-културата (2000) во Сиетл, Вашингтон,[25] и комерцијалната зграда на IAC (2007) во Њујорк,[26] и првиот облакодер на Гери, станбената кула Бикман на 8 Spruce Street (2011)[27] во Њујорк.
Архитектонски стил
[уреди | уреди извор]Творештвото на Гери „се спротивставува на категоризација“, и го одразува духот на експериментирањето споен со почитувањето на барањата на професионалната пракса и останува во голема мера неврзано со пошироките стилски тенденции и движења.[28] Иако неговите најрани образовни влијанија се вкоренети во модернизмот, творештвото на Гери се обидува да избега од модернистичките стилски тропи, додека сè уште останува заинтересирано во некои од основните трансформативни агенди на модернизмот. Постојано работејќи помеѓу дадените околности и непредвидени материјализации, Гери бил оценет како некој кој „не направи да произведуваме згради, кои се забавни, скулптурално возбудливи, добри искуства“, иако неговиот пристап може да стане „помалку релевантен како што расте притисокот да се постигне повеќе со помалку“.
Гери е понекогаш се поврзува со она што е познато како „лосанџелеска архитектонска школа“ или „сантамониканска архитектонска школа“. Колку ова назначување е соодветно, а воедно и постоењето на оваа школа, сепак останува контроверзни поради недостатокот на унифицирана филозофија или теорија. Името на оваа школа произлегува од фактот што Лос Анџелес произлегла групата највлијателни посмодерни архитекти, вклучувајќи значајни современици на Гери како што се Ерик Овен Мов и добитникот на Прицкерова награда Том Мејн ид Morphosis, како и на познатите училишта за архитектура на SCI-Arc (ко‑основана од страна на Мејн), UCLA, и USC каде Гери е член на одборот на директори.[се бара извор]
Стилот на Гери на моменти се чини дека е недовршен, дури и суров, но неговото творештво е во согласност со калифорниското „фанк“ уметничко движење во 1960-тите и почетокот на 1970-тите, кое вклучувало употреба на евтини најдени предмети и нетрадиционални медиуми, како глината за правење сериозна уметност.[29] Гери е наречен „апостол на синџир-оградата и брановидната метална обвивка“.[30] Сепак, со ретроспективната изложба во њујоркшкиот Витни музеј во 1988 година, се покажал и како еден софистициран класичен уметник, со длабоко познавање на историјата на европска уметност, современа скулптурата и современо сликарството.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
"El Peix", fish sculpture located in front of the Port Olímpic, in Barcelona, Catalonia, Spain (1992)
-
Dancing House in Prague (1996)
-
Neuer Zollhof in Düsseldorf, Germany (1999)
-
The Museum of Pop Culture in Seattle (2000)
-
Gehry Tower in Hanover, Germany (2001)
-
Walt Disney Concert Hall in Los Angeles (2003)
-
MARTa Herford, Herford, Germany (2005)
-
Hotel Marqués de Riscal in Elciego, Spain (2006)
-
Art Gallery of Ontario in Toronto, Ontario, Canada (2008)
-
Gallery of African American Art, Ohr-O'Keefe Museum Of Art campus in Biloxi, Mississippi (2010)
-
Dr Chau Chak Wing Building in Sydney, Australia (2014)
Билбао ефектот
[уреди | уреди извор]По феноменалниот успех на Гериевиот дизајн за Музејот Гугенхајм во Билбао, Шпанија, уметничките критичари започнаа да економската и културната ревитализација на градовите низ иконична, иновативна архитектура да ја опишуваат како „Билбао ефект“.[31] Во првите 12 месеци по отворањето на музејот, околу 160 милиони долари беа додадени на баскиската економија. Навистина, над 3,5 милијарди долари се додадени на баскиската економија од отворањето на оваа зграда.[32] Во следните години имало многу обиди да се реплицира овој ефект преку големи монументални архитектонски порачки кои се покажале и како успешни и како неуспешни, како што се проширувањето на Уметничкиот музеј во Денвер на Даниел Либескинд, и некои објекти од самиот Гери, како што е универзално добро примената Концертна сала Волт Дизни во Лос Анџелес и поконтроверзниот Музеј на поп-културата во Сиетл.[33] Иако некои концептот на „Билбао ефектто“ го врзуваат и со поимот стархитектура, Гери постојано ја отфрла етикетата на стархитект.[34]
Критики
[уреди | уреди извор]Иако голем дел од Гериевиот опус е добро примен, критиката кон неговото творештвото не е секогаш позитивна. Читањето на историчарот на уметност Хал Фостер на архитектурата на Гери е дека таа, пред се, е во служба на корпоративното брендирање.[35] Критики кон неговите дела вклучуваат жалби за различни недостатоци во дизајнот, како што е неекономичното трошење на структурални ресурси преку создавање на нефункционални форми, впечатокот дека неговите згради не припаѓаат во нивната локација и не го подобруваат јавниот контекст на нивната околина, и се проектирани без земање предвид на локалната клима.[36][37][38]
Крајно, социјалистичкото списание Jacobin истакнува дека опусот на Гери може да се сумира како: архитектура за супер-богатите, во смисла на тоа дека таа е скапо, не е инвентивна, и не им служи на интересите на огромното мнозинство. Статијата ја критикува и изјавата на Гери дека, „Во светот во кој живееме, 98 проценти од она што се гради и проектира е чисто срање."[39]
Личен живот
[уреди | уреди извор]Во 1952 година, Гери (тогаш Голдберг) стапил во брак со Анита Снајдер. Според интервјуто со Гери на генеалошки програмата Finding Your Roots, тој го променил своето име во 1956 во Френк О. Гери, делумно поради антисемитизмот кој тој го доживеал како дете, и за време на додипломските студии на USC. Гери и Снајдер се разведуваат во 1966 година.
Тој се оженил за неговата втора сопруга, панамката Берта Изабел Агилера, во 1975 година. Тој има две ќерки од неговиот прв брак и два сина од неговиот втор брак.
По детството поминато во Канада, Гери е страствен обожавател на хокеј на мраз. Тој започна хокеј лига во неговото ФОГ, иако тој веќе не се игра со нив.[40] Во 2004 година, тој го дизајнираше трофејот за Светското првенство во хокеј.[41] Гери има двојно државјанство во Канада и САД. Тој живее во Санта Моника, Калифорнија, и продолжува да се работи во своето биро во Лос Анџелес.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Reinhart, Anthony (July 28, 2010) "Frank Gehry clears the air" Архивирано на 31 јули 2010 г., Globe and Mail
- ↑ Tyrnauer, Matt (June 30, 2010). „Architecture in the Age of Gehry“. Vanity Fair. Посетено на 2010-07-22.
- ↑ for the design, see: "Dwight D. Eisenhower Memorial: Design" Архивирано на 19 ноември 2013 г.
- ↑ Finding Your Roots, February 2, 2016, PBS
- ↑ Green, Peter S. (June 30, 2005). „In the News: Warsaw Jewish Museum In Poland“. The New York Times. Isurvived.org. Посетено на 2011-08-30.
- ↑ Gorin, Abbott (Spring 2015) "A Golden Age of Jewish Architects"[мртва врска] Jewish Currents
- ↑ Ouroussoff, Nicolai (October 25, 1998) "I'm Frank Gehry, and This Is How I See the World" Los Angeles Times Magazine
- ↑ Templer, Karen (December 5, 1999). „Frank Gehry“. Salon. Посетено на 2007-08-25.
- ↑ Engel, Eliot L. (August 2, 2013). „Congratulating the Alpha Epsilon Pi International Fraternity“. Capitol Words. Посетено на 2014-01-23.[мртва врска]
- ↑ Goldberger (2015), pp.110-111
Lazo, Caroline Evensen (2006) Frank Gehry. Twenty-First Century Books
Hawthorne, Christopher (October 8, 2014) "In Paris, a Passion for All Things Frank Gehry" Los Angeles Times - ↑ Gehry Partners, LLP website Архивирано на 19 декември 2013 г. Грешка во шаблонот „Семарх“: Проверете ја вредноста
|url=
. Празно. - ↑ Molloy, Jonathan C. (February 28, 2013). „AD Classic: Norton House / Frank Gehry“. Посетено на 2013-05-25.
- ↑ Head, Jeffrey (October 21, 2009). „Frank Gehry: The Houses“. Los Angeles Times.
- ↑ „Gehry House - Frank Gehry“. Great Buildings Collection. Посетено на 2010-06-03.
- ↑ „Jury Citation: Frank Gehry: 1989 Laureate“. Pritzker Architecture Prize. 1989. Посетено на March 8, 2017.
- ↑ Colwell, Hailey (August 5, 2015). „Modeling the museum for 17 years“. The Frederick Weisman Museum of Art, University of Minnesota. Архивирано од изворникот на May 10, 2006. Посетено на March 8, 2017.
- ↑ „American Center, Paris“. 2010. Посетено на March 8, 2017.
- ↑ „Dancing House“. 2006. Посетено на March 8, 2017.
- ↑ Tyrnauer, Matt (August 2010). „Architecture in the Age of Gehry“. Vanity Fair. Посетено на March 27, 2012.
- ↑ Roston, Eric (October 11, 2004). „Windy City Redux“. Time. Архивирано од изворникот на 2009-09-09. Посетено на 2008-07-30.
- ↑ Hawthorne, Christopher (September 21, 2013). „Frank Gehry's Walt Disney Concert Hall is inextricably of L.A.“. Los Angeles Times. Посетено на 2013-12-09.
- ↑ Hawthorne, Christopher (January 24, 2011). „Architecture review: Frank Gehry's New World Center in Miami Beach“. Los Angeles Times.
- ↑ „The Stata Center“. Massachusetts Institute of Technology. Посетено на March 8, 2017.
- ↑ Cliatt, Cass (September 11, 2008). „Architect Gehry seeks to inspire with Princeton's Lewis Library design“. Архивирано од изворникот на March 8, 2017. Посетено на March 8, 2017.
- ↑ Staff. „Experience Music Project“. Fodors. Архивирано од изворникот на August 18, 2010. Посетено на 2015-03-22.
- ↑ Ouroussoff, Nicolai (March 22, 2007). „Gehry's New York Debut: Subdued Tower of Light“. The New York Times. Посетено на 2007-08-25.
- ↑ Ouroussoff, Nicolai (February 9, 2011). „8 Spruce Street by the Architect Frank Gehry – Review“. The New York Times.
- ↑ Power, Julie (6 February 2015). „Frank Gehry: the Mad Hatter who transformed Sydney's skyline“. Sydney Morning Herald. Посетено на 12 September 2017.
- ↑ „Frank Owen Gehry“. achille.paris. 28 мај 2015. Архивирано од изворникот на 19 ноември 2015. Посетено на 14 септември 2015.
- ↑ Adams, B. (1988) "Frank Gehry's Merzbau". Art in America 76: pp.139–144
- ↑ Rybczynski, Witold (September 2002). „The Bilbao Effect“. The Atlantic. Посетено на March 8, 2017.
- ↑ Horn, Eli (December 25, 2014). „Bilbao's Economy Purrs From Effect of Guggenheim Museum“. Jewish Business News. Посетено на March 8, 2017.
- ↑ Rybczynski, Witold (November 22, 2008). „When Buildings Try Too Hard“. The Wall Street Journal.
- ↑ Taylor-Foster, James (December 8, 2013). „Frank Gehry: 'I'm Not a Starchitect'“. Посетено на 2013-12-08.
- ↑ Foster, Hal (August 23, 2001). „Why all the hoopla?“. London Review of Books. 23 (16). Посетено на 2011-08-30.
- ↑ Favermann, Mark (November 7, 2007). „MIT Sues Architect Frank Gehry Over Flaws at Stata Center“. Berkshire Fine Arts. Посетено на 2011-08-30.
- ↑ Speck, Jeff (2012) Walkable City: How Downtown Can Save America, One Step at a Time New York: North Point Press. pp.243-45. ISBN 978-0-86547-772-8
- ↑ Vincent, Roger (March 17, 2017). „There's another Frank Gehry building going up in town. It's under the radar in El Segundo“. Los Angeles Times. Посетено на 18 March 2017.
- ↑ Cocotas, Alex (June 2016). „Design for the one percent“. Jacobin. Посетено на 7 June 2016.
- ↑ Goldberger (2015)
- ↑ Baurick, Tristan (May 13, 2004). "Architect's love of the game inspiration behind Cup trophy", Ottawa Citizen, p. C2.
- Страници со грешки во наводите кои предизвикуваат нагледни разлики
- Родени во 1929 година
- Статии со непотврдени изјави since September 2015
- Универзитет „Колумбија“
- Членови на Европската академија на науките и уметностите
- Луѓе од Торонто
- Носители на Претседателскиот медал на слободата
- Добитници на Прицкеровата награда
- Носители на Кралскиот златен медал
- Добитници на Волфовата награда за уметност
- Американски Евреи
- Постмодерни архитекти