Дела 16
Дела 16 | |
---|---|
← Глава 15 Глава 17 → | |
Дела 15,22–24 на латински (лево) и грчки (десно) од Лодовиот ракопис, 550 г. | |
Книга | Дела на светите апостоли |
Категорија | Црковна историја |
Во Библијата | Нов завет |
Ред. бр. во Библијата | 5 |
Дела 16 — шеснаесетта глава од книгата „Дела на светите апостоли“ на Новиот завет. Го обработува второто мисионерско патување на Апостол Павле придружуван од Апостол Сила и Тимотеј. Авторот на книгата која ја содржи оваа глава е анонимен, но општоприфатен став во ранохристијанската традиција е дека нејзин автор е апостолот Лука Евангелист, кој исто така го напишал и Евангелието според Лука.[1]
Најголемиот дел од оваа глава раскажува за воспоставувањето на христијанството во Македонија, како прво меѓу народите на Европа.
Текст
[уреди | уреди извор]Изворниот текст е напишан на коински грчки и е поделен на 40 стихови.
Ракописно сведоштво
[уреди | уреди извор]Еве некои рани раскописи во кои се содржи текстот на оваа глава:
- Ватикански ракопис (325–350 г.)
- Синајски ракопис (330–360 г.)
- Безин ракопис (~ 400 г.)
- Александриски ракопис (~ 400–440 г.)
- Ефремов ракопис (~. 450 г.; постоечки стихови 1–36)
- Папирус 127 (V век; постоечки стихови 1–4, 13–40)
- Лодов ракопис (~ 550 г.)
Места
[уреди | уреди извор]Во главата се споменуваат следниве места, наведени по редослед на јавување во неа:
- Дерве
- Листра
- Иконија
- Фригија
- Галатија
- Азија (римска провинција)
- Мизија
- Витинија
- Троада
- Македонија
- Самотракија
- Неапол
- Филипи
- Тијатира
Времеслед
[уреди | уреди извор]Второто мисионерско патување на Павле се случило околу 49 г.[2]
Стих 1
[уреди | уреди извор]- Тој пристигна во Дерва и Листра. И ете, таму живееше некојси ученик, по име Тимотеј, син на Јудејка, која ја прифати верата, и на татко Елин.[3]
Тимотеј бил син на Евника, Еврејка чие име се спомнува во Второто послание до Тимотеј (2 Тимотеј 1,5).
Човекот од Македонија
[уреди | уреди извор]Стих 9
[уреди | уреди извор]- Преку ноќта Павле имаше видение: стоеше пред него еден човек, Македонец, кој го молеше и му велеше: „Дојди во Македонија и помогни ни!“[4]
Во овој стих се зборува за видението на Павле во кое му се јавил Македонец и го молел да дојде во Македонија за да им помогне на луѓето, по што Павле и неговите другари веднаш се одѕвале. Ова се смета за одек на случката во Ис.Н. 10,6 каде луѓето од Гаваон му пратиле молба на Исус Навин велејќи „ ... Не кревај раце од твоите слуги; дојди поскоро кај нас, избави нѐ и помогни ни“.[5]
Интересно е тоа што овој повик на Македонците е претставен на првиот амблем на колонијата Масачусетски Залив (денес Масачусетс) во САД, каде има Индијанец прикажан со свиток крај устата како вели „Дојди и помогни ни“ („Come over and help us“)[6].
Друг американски пример е градот Македонија во Охајо, чие име е изведено токму од овој библиски стих.
Крштевањето на Лидија Македонката
[уреди | уреди извор]Во оваа епизода се раскажува за крштевањето на Лидија Македонката во Филипи (кај денешно с. Рахче, Егејска Македонија), со што тааа станала првиот христијанин во Европа.
Стихови 14 и 15
[уреди | уреди извор]- И една богобојазлива жена од градот Тиатир, по име Лидија, која продаваше црвени ткаенини, слушаше; и Господ ѝ го отвори срцето да внимава на она, што го зборуваше Павле. А кога беше крстена таа и нејзините домашни, нѐ замоли и рече: „Ако сте ме признале за верна на Господ, тогаш влезете во мојата куќа и престојувајте во неа!“ И нѐ принуди.[7]
Жената од Филипи и гатачкиот дух
[уреди | уреди извор]Стихови 16-18
[уреди | уреди извор]- Еднаш, кога одевме на молитва, по патот нѐ сретна една слугинка, која имаше гатачки дух. Таа на господарите свои им донесуваше големи приходи од гатањето. И одејќи по Павле и по нас другите викаше, зборувајќи: „Овие луѓе се слуги на Севишниот Бог! Тие го навестуваат патот на спасението.“ Ова го правеше таа многу дни. И кога му здодеа на Павле, тој се сврте и му рече на духот: „Ти заповедам во името на Исус Христос излези од неа!“ И излезе во истиот час.[8]
Во овој дел се зборува за некоја жена која била опседната од „гатачки дух“, чиј карактер не е објаснет. Павле му наредил на духот да ја напушти жената во името на Исус, како што тоа го правеле апостолите кога истерувале демони (Марко 16,26-18). Иако духот исправно велел дека дојдените му служат на Севишниот Бог, апостолите решиле да го истераат бидејќи виделе дека господарите на гатачката се богателе од нејзините зборови, а со тоа — од нивното евангелие.
Стих 31
[уреди | уреди извор]- А тие му одговорија: „Поверувај во Господ Исус Христос, и ќе се спасиш ти и целиот твој дом!“[9]
Поврзано
[уреди | уреди извор]- Мисијата на Апостол Павле во Македонија
- Света Лидија Македонка
- Апостол Павле
- Апостол Сила
- Тимотеј Ефески
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Holman Illustrated Bible Handbook. Holman Bible Publishers, Nashville, Tennessee. 2012.
- ↑ John Arthur Thomas Robinson (1919–1983). "Redating the New Testament". Westminster Press, 1976. ISBN 978-1-57910-527-3
- ↑ Дела 16,1 — Стандардна македонска библија со девтероканонски книги
- ↑ Дела 16,9
- ↑ Selwyn, E. C. The Christian Prophets at Philippi. Expositor, June, 1901, pp. 415–21
- ↑ Stockbridge Mohican History, 'The Seal of the Massachusetts Bay Colony: "Come Over and Help Us' Архивирано на 7 јануари 2015 г.
- ↑ Дела 16,14-15
- ↑ Дела 16,16-18
- ↑ Дела 16,31
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Глава 16 од Делата на светите апостоли — Стандардна библија на македонски, 2006 г.
- Глава 16 од македонска аудиокнига „Делата на светите апостоли“ на YouTube
- Света Лидија Македонка — прва христијанка–Европејка Архивирано на 14 април 2020 г., портал „Хибрид“
- Апостол Павле и Македонија — напис на проф. д-р Ратомир Грозданоски
- Почеток на христијанската црква во Македонија — Повардарска епархија