Дела 2
Дела 2 | |
---|---|
Грчки текст на Дела 2:11–22 во Ракопис 076, напишан во 5-6 век. | |
Книга | Дела на светите апостоли |
Категорија | црковна историја |
Во Библијата | Нов завет |
Ред. бр. во Библијата | 5 |
Дела 2 — втора глава од Дела на светите апостоли во Новиот завет на христијанската Библија. Книгата што ја содржи ова глава е анонимна, но ранохристијанска традиција потврдува дека Лука ја составил оваа книга, како и Евангелието според Лука[1]. Оваа глава ги запишува настаните на денот на Педесетница, околу 10 дена по вознесението на Исус Христос[2].
Текст
[уреди | уреди извор]Оригиналниот текст е напишан на старогрчки јазик и е поделен на 47 стихови.
Некои рани ракописи што содржат текст од оваа глава се:
- Папирус 91 (3 век, останати страници 30–37; 46–47)
- Ватикански ракопис (325-350 година од н.е.)
- Синајски ракопис (330–360 година)
- Безин ракопис (околу 400 година)
- Александриски ракопис (400-440 година)
- Ефремов ракопис (околу 450 година; постојни стихови 3–26)
- Лодов ракопис (550 година)
Доаѓање на Светиот Дух на денот на Педесетница (2: 1–43)
[уреди | уреди извор]Библискиот наратив на Педесетница е даден во втората глава од Дела на светите апостоли. Присутни биле околу сто и дваесет Христови следбеници (Дела 1:15), вклучително и Дванаесетте апостоли (т.е. единаесет верни ученици и Матиј кои го заменил Јуда Искариот), Исусовата мајка Марија, разни други жени ученици и „браќата на Исус“ (Дела 1:14).
Стихови 1-6
[уреди | уреди извор]- 1Кога дојде денот Педесетница, сите апостоли беа заедно и на исто место. 2Тогаш ненадејно се создаде шум од небото, како силен ветар кога дува, и ја исполни целата куќа, каде што седеа. 3И им се јавија јазици како од пламен, кои се разделуваа и се спуштија по еден над секого од нив посебно. 4И сите се исполнија со Дух Свети, и почнаа да зборуваат на други јазици, онака како што им даваше Духот Свети да изговараат.
- 5Тогаш во Ерусалим имаше Јудејци, побожни луѓе, од секој народ под небото. 66Кога се создаде тој екот, народот кој се насобра многу се збуни, бидејќи секој ги слушаше како зборуваат на неговиот сопствен јазик.[3]
Апостол Петар застанал со единаесетте останати и им рекол на толпата дека овој настан е исполнување на пророштвото на Joил (во Книгата на Јоил 2: 28-29): „... Јас ќе излеам од Мојот Дух врз секое тело...[4]“[5]
Стих 15
[уреди | уреди извор]- овие луѓе не се пијани, како што мислите вие, зашто е третиот час од денот.[6]
„Третиот час во денот“ (околу 9:00 часот): Петар објаснува дека е само време за појадок[7].
Стихови 16–21
[уреди | уреди извор]- 17 'И ете во последните дни, рече Бог,
- 'ќе излеам од Мојот Дух на секое тело
- и ќе пророкуваат синовите ваши и ќерките ваши;,
- и младичите ваши ќе имаат виденија,
- и старците ваши ќе сонуваат соништа.
- 18И во тие дни, врз слугите Мои и слугинките Мои
- ќе излеам од Мојот Дух;
- и тие ќе пророкуваат.
- 1919И ќе покажам чудеса на небесата
- и знаци долу на земјата :
- крв, и оган, и чад.
- 20Сонцето ќе се претвори во темнина,
- а месечината во крв,
- и тоа уште пред да настапи големиот и славен ден Господов.
- 21И тогаш, секој што ќе го повика името Господово, ќе се спаси.' [8]
- 17 'И ете во последните дни, рече Бог,
Продолжениот цитат од Јоил 2: 28–32 е да се поддржи дека овој настан е нешто што е предвидено во Светото Писмо, и објаснува неколку точки за апостолското објавување[7]:
- (1) Екстатичниот говор треба да се поистовети со библискиот подарок за пророштвото, како дело на истиот Божји Дух.
- (2) Ова е феномен на „последните денови“ (стих 17), но претставува фаза пред последниот „Господов Ден“ (стих 20).[7]
Стихови 22–24
[уреди | уреди извор]- 22„Луѓе Израелци, слушнете ги овие зборови: Исус од Назарет, Човекот посведочен пред вас од Бога со сили, чудеса и знаци, кои, како што и сами знаете, ги направи Бог преку Него. 23предаден по определениот Божји план и предзнаење, вие Го фативте, Го распнавте со рацете на беззакониците и Го убивте, 24Но Бог Го воскресна, откако Го ослободи од смртните маки, бидејќи смртта немаше сила да Го задржи.„[9]
Потоа, Петар се свртува кон прашањето „Кој бил Исус?“, раскажувајќи им на многу луѓе во публиката кои биле сведоци на чудата што ги извршил Исус, како божествено потврдување на својата служба среде својот народ (стих 22). Смртта на Исус е одговорност на три групи: (1) „беззакониците“, (2) „блиска мотивациска сила“ (локалната публика која била сведок на служењето за Исус, стихови 22-23); и (3) „божествениот план“ (стих 24)[7].
Стихови 32-36
[уреди | уреди извор]Стиховите 34 и 35 цитати се поистоветуваат со Псалм 110:
- И затоа, нека знае со сигурност сиот Израелов дом дека Оној Исус, Кого вие Го распнавте, Бог Го направи Господ и Христос.[10]
Стих 38
[уреди | уреди извор]- А Петар им рече: „Покајте се и секој од вас да се крсти во името на Исус Христос за простување на гревовите; и тогаш ќе примите дар од Светиот Дух."[11]
- „прошка“ (Дела 2:38)
Стих 2:41 тогаш известува дека биле крстени околу 3000 луѓе и додадени на бројот на верниците.
Стих 41
[уреди | уреди извор]- И така оние што од срце ги примија неговите зборови, се крстија и се присоединија во тој ден околу три илјади души.[12]
Фактот што многумина го разбрале на својот мајчин јазик, она што го зборувал Духот покажува дека првото чудо што го извршил Светиот Дух е преводот на Евангелието. Додека човештвото во Вавилон било поделено на различни јазици, во Педесетница таа поделба била надмината[13].
Местоположба на првата Педесетница
[уреди | уреди извор]Традиционалното толкување тврди дека Слегувањето на Светиот Дух се случило во Горната просторија, односно Сионската горница, на денот на Педесетница. Горната просторија за прв пат е спомената во Лука 22: 12–13[15]. Оваа Горна просторија би требало да биде местото на Тајната вечера и установата на Светата Причест. Друго споменување на „Горната соба“ е во Дела 1:13-14[16].
Опис на првата Црква (2: 44–47)
[уреди | уреди извор]Дела 2: 44–47 содржи опис на најраната црква, дава практично гледиште за тоа како постапувале членовите на црквата. Стиховите опфаќаат неколку аспекти од животот:
- Верниците имале сè заедничко
- Тие ги продале своите имоти и на секого му раздавале колку што му било потребно
- Тие секој ден се состанувале во храмот
- Тие јаделе заедно во домовите на другите.
Извори
[уреди | уреди извор]- Alexander, Loveday (2007). „62. Acts“. Во Barton, John; Muddiman, John (уред.). The Oxford Bible Commentary (first (paperback). изд.). Oxford University Press. стр. 1028–1061. ISBN 978-0199277186. Посетено на February 6, 2019.
- Coogan, Michael David (2007). Coogan, Michael David; Brettler, Marc Zvi; Newsom, Carol Ann; Perkins, Pheme (уред.). The New Oxford Annotated Bible with the Apocryphal/Deuterocanonical Books: New Revised Standard Version, Issue 48 (Augmented 3rd. изд.). Oxford University Press. ISBN 9780195288810.
- Gonzalez, Justo L. (2001). Acts The Gospel of the Spirit. Mary Knolls, New York: Orbis Books. ISBN 1-57075-398-9.
- Kirkpatrick, A. F. (1901). The Book of Psalms: with Introduction and Notes. The Cambridge Bible for Schools and Colleges. Book IV and V: Psalms XC-CL. Cambridge: At the University Press. Посетено на February 28, 2019.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Alexander 2007, стр. 1028.
- ↑ Halley, Henry H. Halley's Bible Handbook: an abbreviated Bible commentary. 23rd edition. Zondervan Publishing House. 1962.
- ↑ Дела 2:1-6
- ↑ Дела 2:17
- ↑ Joил 2:28-29
- ↑ Дела 2:15
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 Alexander 2007, стр. 1032.
- ↑ Дела 2:16-21
- ↑ Дела 2:22:24
- ↑ Дела 2:36
- ↑ Дела 2:38
- ↑ Дела 2:41
- ↑ Gonzalez 2001, стр. 35.
- ↑ Bargil Pixner, The Church of the Apostles found on Mount Zion, Biblical Archaeology Review 16.3 May/June 1990 [1] Архивирано на 9 март 2018 г.
- ↑ „Luke 22:12–13, English Standard Version“. Biblegateway.com. Посетено на 7 January 2017.
- ↑ „Acts 1:13–14“. Biblegateway.com. Посетено на 2013-12-21.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Acts 2 KJV King James Bible - Wikisource
- English Translation with Parallel Latin Vulgate Архивирано на 5 март 2021 г.
- Online Bible at GospelHall.org (ESV, KJV, Darby, American Standard Version, Bible in Basic English)
- Multiple bible versions at Bible Gateway (NKJV, NIV, NRSV etc.)
- Acts 2 Parallel