Полуотворена предна заоблена самогласка
Изглед
Полуотворена предна заоблена самогласка | |||
---|---|---|---|
œ | |||
| |||
МФА-бр. | 311 | ||
Шифрирање | |||
Единица (дек.) | œ | ||
Уникод (хекс.) | U+0153 | ||
X-SAMPA | 9 | ||
Киршенбаум | W | ||
Звук | |||
Полуотворената предна заоблена самогласка (полуниска предна заоблена самогласка) е вид на самогласка во некои јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја означува со симболот ⟨œ⟩. Овој знак постои и како лигатурата œ (спој од буквите o и e) во извесни јазици. Треба да се напомене дека малата верзија на истата лигатура (⟨ɶ⟩) се користи за друг глас: отворената предна заоблена самогласка.
Предавање на македонски
[уреди | уреди извор]На македонски, гласот се предава со буквата „е“ (на пр. герм. Gödel = Гедел; фр. Greuze = Грез.[1]
Особености
[уреди | уреди извор]Табела на самогласки по МФА | |||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| |||||||||||||||||||
Самогласките во парови се: незаоблена • заоблена | |||||||||||||||||||
Помош за МФА • легенда • табела • табела со звуци • погл. |
- Според висината, самогласката е полуотворена (среднониска), што значи дека јазикот се става на средината помеѓу положбата на отворена и положбата на средна самогласка.
- Според местото на образување (редот), самогласката е предна, што значи дека јазикот се става што е можно понапред во устата без да направи препрека што би ја окарактеризирала како согласка.
- Според обликот на усните, самогласката е стисната, што значи дека рабовите на усните се затегнати и споени на начин што не ги исложува нивните внатрешни страни.
Јазици
[уреди | уреди извор]Јазик | Збор | МФА | Значење | Белешки | |
---|---|---|---|---|---|
азерски | öküz | [œˈcyz] | 'вол' | ||
англиски | кокни[2] | bird | [bœ̈ːd] | 'птица' | Централизирана. Може да биде незаоблено [ɜ̟ː] или пак стандардната варијанта /ɜː/. |
Нов Зеланд[3] | Централизирана; може да биде средна. | ||||
ЈАР[4] | go | [gœː] | 'оди' | Некои говорници. Може да биде и дифтонг од типот [œʉ]~[œɤ̈] наместо оваа согласка. Другите јужноафрикански наречја не вршат монофтонгација. | |
германски | стандарден[5] | Hölle | [ˈhœ̞̈lə] | 'пекол' | Централизирана и снижена. |
дански | høne | [ˈhœːnə] | 'кокошка' | ||
ерменски | западен | Էօժենի | [œʒɛˈni] | 'Евгенија' | |
западноломбардски | fioeu | [fjœː] | 'син' | старомилански; денес алофон на /ø/ | |
исландски | þö | [θœ] | 'меѓутоа' | ||
кинески | кантонски | 靴 hoe1 | [hœː˥] | 'чизми' | |
мандарински | 月 yuè | [ɥœ˥˩] | 'месечина' | ||
ву | 碗 | [ɰœ˩˧] | 'чинија' | ||
лурски | shö | [ʃœ] | 'ноќ' | ||
монголски | чахарски | ᠣᠨᠢᠰᠤ | [œnʲs] | 'lock' | Стандарден дијалект во Внатрешна Монголија |
норвешки | øl | [œl] | 'пиво' | ||
окситански | оверњански | puei | [pœj] | 'тогаш' | Некои дијалекти, особено северните |
лимузенски | |||||
севернофризиски | blömk | [blœmk] | 'цвет' | ||
фарски | løgdu | [lœdːʊ] | 'легнати' | ||
француски[6] | jeune | [ʒœn] | 'млад' | ||
холандски | јужен | uit | [œːt] | 'надвор' | Некои дијалекти; соодветствува на [œy] во стандардниот холандски |
Хаг | Соодветствува на [œy] во стандардниот холандски. | ||||
Лимбург | hut | [hœt] | 'колиба' | Некои дијалекти. Соодветствува на [ɵ] во стандардниот холандски. |
Самогласката што се бележи со /œ/ во стандардниот централен шведски е впрочем средно [œ̝].[7]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонска транскрипција на странски јазици
- ↑ Wells (1982:305)
- ↑ Roca & Johnson (1999:188)
- ↑ Lass et al (2002:118)
- ↑ Mangold (2005:37)
- ↑ Fougeron & Smith (1993:73)
- ↑ Engstrand (1999:140)
Библиографија
[уреди | уреди извор]- Engstrand, Olle (1999), „Swedish“, Handbook of the International Phonetic Association: A Guide to the usage of the International Phonetic Alphabet., Cambridge: Cambridge University Press, стр. 140, ISBN 0-521-63751-1
- Fougeron, Cecile; Smith, Caroline L (1993), „Illustrations of the IPA:French“, Journal of the International Phonetic Association, 23 (2): 73–76, doi:10.1017/S0025100300004874
- Lass; и др. (2002), Language in South Africa, ISBN 9780521791052
- Mangold, Max (2005), Das Aussprachewörterbuch, Duden, стр. 37, ISBN 9783411040667
- Roca, Iggy; Johnson, Wyn (1999), A Course in Phonology, Blackwell Publishing
- Wells, J.C. (1982), Accents of English, 2: The British Isles, Cambridge: Cambridge University Press